Студентски конкурс за обнова на фасадни површини – Цементарница Усје
08.11.2017 • Конкурси

Архитектонскиот факултет-Скопје во соработка со TITAN Цементарница Усје и ATTIKA, распишаа внатрешен конкурс за студентите на споменатата образовна институција. Темата на овој натпревар на креативни идеи e обнова на фасадните површини на објектите во склоп на овој индустриски капацитет.
За истиот студентите имаат време да аплицираат до 6 декември, 2017 година, а за најдобрите се предвидени парични награди како и можност на победникот да учествува во разработка на основниот проект.
Љ.Т

Автор на статија: marh
АTTIKA / АФС / Студентски конкурс / Фасадни решенија / Цементарница Усје