СУВЕНИРИ СКОПЈЕ – илустративен спомен од градот
14.06.2017 • Уметност
„Сувенири Скопје“ претставува илустративно доживување на архитектонските и природни одбележја на градот. Изработени се во дигитална техника ( 2013год. >>) во форма на магнети, разгледници и бележници, со идеја да бидат совршен сувенир од Скопје.
Македонска Опера и Балет
Провокацијата за создавањето на сувенирите лежи во очајната понуда која ја имаше градот, но и девастирањето на современата архитектура која жителите на овој град не се свесни дека ја поседуваат. Сувенирите се наменети и за скопјани, кои преку обработените теми треба да бидат поттикнати да размислат за тоа што е навистина вредно, одново запознавајќи се со својот град.
Градски трговски центар-Скопје
Разгледниците и бележниците се конципирани така што на предната страна е илустрацијата на одредениот објект, додека на задната страна можете да пронајдете подетални информации за истиот ( локација, автори, година).
Дигиталната скица треба да помогне во полесното перцепирање на реалната силуета на објектот, додека QR кодот треба да ве однесе во објавите на marh.mk или „Википедија на македонски јазик“ каде ќе прочитате повеќе за авторите, историјата на објектот, фото документација или технички цртежи.
Железничка станица – Скопје
Првата серија од 10 обработени теми можете да ја најдете во галериите Акантус, GRAL, како и АПОТЕКА во МКЦ .
Сувенири Скопје во одреден интервал ќе објавува нови серии од по нови 10 обработени теми. Во скоро време се очекува и принт на маички, торби и тефтерчиња.
Задна страна на разгледниците
Доколку сакате да прочитате подетално за создавањето на брендот посетете ги Instagraphy, додека следењето на „Сувенири Скопје“ можете да го направите like-нувајќи ја facebook страната >>>
Бележници за книга – илустрација
Бележници за книга – задна информативна страна
Автор на статија: marh
Графички дизајн / Илустрации / Магнети / Разгледници / Скопје / Сувенири