Трговски центар „13 Ноември“ Скопје / Шимиќ
10.01.2024 • Информации
Организација: „Мавровопроект“ – Скопје
Инвеститор и изведувач: ГП Маврово
Автор: Теофана Шимиќ
Соработник: Славица Чилиманова, Станка Пешевска
Година на проектирање: 1992
Година наизведба: 1993
Извор: Бимас 1993
Авторски текст:
„Да се движиш и битисуваш во толпа, каде се чувствуваш опуштен и безбеден…
Притиснат од современиот живот, човекот повторно и се враќа на оваа своја исконска потреба.
Да се движи низ сјајното шаренило, да купува некој мал безначаен детаљ, со кој настојува да окова во споменик секој миг…
Да испие една чашка, во неврзан муабет, препуштајќи му се за миг на заборавот…
Заштитен од дождот и ветерот, а препуштен на благото милување на зимското сонце или летната ладовина…
Улулкан од звуците на музика и мрморењето на толпата која е во постојано движење…
Сето ова несебично ни го подарува затворената чаршија, нашиот традиционален базар, со современо име – Трговски Центар.“
Автор на статија: Filip Koneski
13ти Ноември Скопје / Славица Чилиманова / Станка Пешевска / Теофана Шимиќ / Трговски центар