THE SKOPJE PROJECT – втор ден

Вториот ден од научната конференција „Проект Скопје“ по повод 60 години од скопскиот земјотрес и 110 години од раѓањето на јапонскиот архитект Кензо Танге се оддржа денес во амфитеатарот на Архитектонскиот Факултет – Скопје при УКИМ.

Денешната сесија беше организирана во два дела, од кои првиот беше насловен како “FUTURE PROJECT”.

Почетното предавање “WARS, BUILT AND DESTROYED ENVIRONMENTS” го оддржа Samia Henni (Cornell University) . Војната како деструктивно дејство предизвикува големи промени во просторот и неговата организација во пост периодот. Подигнувањето на камповите за бегалците формираат нови привремени населби, кои понекогаш се трансформираат во постојани.  Едни од зоните на ваквите дејствија се пустините, каде колонијалистите имаат економски интерес за екплоатација на рудните богатства, за чии потреби создаваат просторни интервенции. Од тука перцепцијата за пустините како празни места се погрешна перцепција за поголемиот дел од светот – истакна Самиа.

 

Samia Henni (Cornell University)

 

 

Nikos Katsikis (TU Delft)  говореше за истражувањето “BEYOND THE OPERATIONAL LANDSCAPE”, во кое основната алатка беше глобалното планетарно мапирање на светскиот пејсаж. Од густината на населеност, преку изграденоста, сообраќајното поврзување, земјоделската екплоатација и противтежата на некои од гранките. Доколку во еден регион е развиено сточарството во друг е производството на храна. Дилемата и контрадикторноста во немањето на простор за една функција отвора простор за друга, зависно од перцепцијата и потребата на конкретната дискусија. Нужноста од глобалното анализирање го става во прашање просторот како заеднички ресурс и потребата од негово менаџирање. Локалните реперкусиии во суштина се глобален импакт со меѓусебно влијание.

 

Nikos Katsikis (TU Delft)

 

Трет говорник беше Lucia Allais (Columbia GSAPP), чие предавање носеше наслов “SANDBAGS”. Вреќите со песок како материјал за интервенција, почнуваат да се применуваат во 1820 година, кога се заменува праксата на транспорт на добра во буриња. Фокусот на истражувањето е насочено кон воените премрежја во текот на XX век и свесноста за потребата од заштита на културното наследство. Низ бројни примери, Луциа презентираше примери од интервенциии врз декоративните делови од градбите, како што се олтарите, порталите, скулптурите и спомениците на отворен простор. Оваа заштита на недвижното културно наследство со текот на времето еволуира со стандардизација и изработка на посебни проекти. Па така во чекорот со развојот на модерната се добиваат трансформации со кои се сокриваат привремено деталите. Интересни корелации на паралелните дејствија и развој на општествата. Во одредени случаи пак се создава слика на навраќање во времето на средновековието кога овие структури за заштита наликуваат на тврдини.

 

 

Lucia Allais (Columbia GSAPP)

 

 

По кафе паузата проф. д-р Огнен Марина, го презентираше пилот проектот за дигитален атлас во соработка со Inteligent network solution, кој има за цел да ги апсорбира, мапира објектите и градските целини кои се дел од културното наследство, да обезбеди база од корист на урбанизмот и планирањето на просторот.

 

 

Проф. д-р Огнен Марина

 

 

Првиот дел заврши со панел дискусија водена од страна на професорите  Mitesh Dixit (Politecnico di Torino | DOMAIN Office ) и Alessandro Armando (Departmet of Architecture and Design Politecnico di Torino) на која говорниците одговараа на прашања поврзани со нивните изнесени тези.

 

 

Панел дискусија

 

 

По паузата за ручек, следеше  вториот дел од конференцијата со презентацијата на Reinier de Graaf  (OMA | AMO ) за неговата последна книга „The new language of building – Architect, verb 😉 “, во која се разработува архитектонската терминологија низ еден ироничен поглед. Слободниот речник наспроти академскиот пристап на „филозофирање“  кој може да се перцепира и како фрустрација од практикувањето на архитектурата и заложбите на богатите инвеститори.

 

 

Reinier de Graaf 

 

Предавањето предизвика расположение и смеа на „сопствена сметка“ за архитектонскиот начин на размислување, теоретизирање и делување. Во истото беа презентирани и анализите на квалитетот на живеење, изнајмување простор, обликување на јавниот простор и контра ефектите од истото. Прашањето за Билбао ефектот, каде преку архитектонска интервенција се предизвикува раздвижување и реактивирање на просторот се заклучи дека не е завршено, напротив сеуште го има својот полет особено во азиските земји.

 

Дискусија Reinier de Graaf и Mitesh Dixit

 

Излагањето на  Reinier de Graaf предизвика интересна дискусија со која официјалиот дел од конференцијата заврши. Свечениот прием со пригоден коктел се случи вечерва од 19 часто, во Музејот на современа уметност во Скопје, каде гостите и заинтересираната публика можеа во една неформална и опуштена атмосфера да  се дружат и поразговараат на темите отворени овие два дена.