Предавање на Проф. д-р Тихомир Јукиќ – ШТО ДА СЕ ПРАВИ СЛЕДНО? ВИЗИИ И СТРАТЕГИИ ЗА РАЗВОЈ НА ГРАДОВИТЕ

 

Ви ја пренесуваме веста дека ќе се одржи предавање во рамки на годишната докторска конференција на докторските студии по архитектура и урбанизам на Архитектонскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Предавањето ќе го оддржи проф. д-р Тихомир Јукиќ, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Загреб.

Предавањето ќе се одржи во понеделник – 5. 12. 2022, 19:00 часот во амфитеатарот на АФС.

Повеќе за проф. д-р Тихомир Јукиќ можете да прочитате на официјалната веб страна на Архитектонскиот факултет во Загреб.