Трговски објект “Лумикс”, Скопје /фотогалерија/

Автори:  Минас Бакалчев, Митко Хаџи Пуља

Конструкција:  Горан Марковски, Санде Атанасовски

Соработници:  Виолета Бакалчев, Бетим Зеќири, Анто Тортевски

Година на изведба : 1999-2007

Локација:  Плоштад Македонија, Скопје

Фотографии: Борис Јурмовски  /2023/

 

 

Трговскиот Објект “Лумикс”  лоциран на плоштад “Македонија”,  карактеризира со интегрирање на два просторни идентитети во нов единствен континуум со оперативна постапка на динамично центритање, завиткување, диплење на единствената интерактивна површина, која содржи разнородни програми во процесот на вцлојување  и диференцирање, притоа овозможува  целовитост од различни нелиенарни просторни планови и внатрешни хоризонти.

 

Како резултат, се добива не затворено ексклузивно тело, туку отворена структурална матрица, дјаграм, која може да се насели со разнородни и дисконтинуирани програми и сценарија, со овозможување на активна партиципација на субјектот.

 

 

-концепт-

 

 

 

 

 

Состојба на трговскиот објект “Лумикс” отворен за употреба на јавноста.

(од архива на авторите)

 

 

 

 

 

 

 

 

-детал на фасада-

 

 

Добиениот просторен модел е хибрид од два основни организирачки принципи, тектонски и стереотомски, во нова слоевита просторна топографија, субјектот во текот на движењето станува средиште, а објектот е отворена граница.

 

Во типолошка смисла објектот, со тоа што самиот се претвора во јавен простор – отворен амфитеатар, го реконструктуализира плоштадот и го претвора во сцена.

 

 

 

-постојна состојба-