Трговски центар – Кавадарци / Жарновски
27.01.2018 • Урбанизам ХХ век / II половина
Автор: Лиме Жарновски
Инвеститор: Собрание на општина Кавадарци
Проектна организација:ПЕЛАГОНИЈАПРОЕКТ
Година на проектирање: 1993
Извор: Бимас ’93
Расписот на конкурсот се однесува на земјиште од 8hа на северната периферија на градот. Со претходниот ДУП и ОУП на локацијата се предвидуваше организирање нов градски центар и ширење на градот кон север. Последните мисли се насочени кон редукција на таквите амбиции, бидејќи се работи за зона на високо обработливо земјиште. Решавањето на проблемот беше облагородено со бивалентниот карактер на локацијата: наменет за нов градски центар кој всушност е крајна градска периферија.
Предлагаме приоритетниот ток на движењето во насока север- југ да се измени во полза на исток- запад. Контактот на локацијата со постојното градско ткиво предвидува зона на паркиралишта и снажна вертикала (рекламна кула – дисплеј). Западниот кварт содржи зелен пазар, кванташки пазар, магацински простор со ладилници и продажен простор, со изложбена хала. Оваа тампон зона треба да ги блокира погледите од „Фени“ кон пазарите, а воедно изложбената хала е на удобно растојание од него. Во источниот кварт предвидуваме трговски центар на аголот на хотелот „Фени“ и Стопанска банка, со подземно гаражирање и деловен простор на вториот кат. Во зоната меѓу хотелот и трговскиот центар со трговија и угостителски содржини, кој заедно со хотелот„Фени“ ќе оформува мал мирен плоштад.
Ф.К
Автор на статија: marh