Најавени се три нови облакодери во Тирана од швајцарскиот архитект Олгиати
26.01.2025 • Од регионот

Швајцарскиот архитект Валерио Олгиати го презентираше проектот со мешана намена кој се состои од „три тотемски фигури“, планиран да се гради во Тирана, Албанија.
Трите облакодери се со височина од 150 метри, 192 метри и 266 метри, кои во себе ќе интегрираат хотел и станбено домување. Кулите ќе бидат изградени од блокови од бетон со црвенкаст тон, поставени на голема бетонска основа. Поврзани помеѓу себе со јавни површини и структура во форма на пирамида.
„Архитектонската идеја се базира на архаичниот гест на поставување блокови еден на друг,“ изјави Олгиати. „Оваа идеја се изразува преку фасадните столбови, пигментираните бетонски блокови кои следат многу прецизна структурна логика.“
„Овие столбови физички ги манифестираат силите вклучени во структурата и кулите изгледаат како три тотемски фигури,“ додаде тој.
Визуализациите откриваат структури на кулите, кои се повлекуваат кон врвовите и се дефинирани од структурни бетонски столбови. За да се нагласи поврзаноста помеѓу проектот и соседниот парк, на крововите на кулите ќе бидат засадени борови дрвја.
Рендерите од централниот трговски простор откриваат форма слична на зигурат, обвиена со издадените скали кои ќе обезбедат пристап до горните нивоа на структурата.
Според Олгиати, боровите дрвја ќе бидат засадени на секое ниво, така што „целата зграда ќе биде перципирана како градина“. Внатре, просторите ќе бидат организирани со флексибиен распоред, додека естетиката ќе се постигне со финиш на бетон и мермер.
Извор: dezeen.com

Автор на статија: Filip Koneski