(un)doing Architecture? / Предавање на Марлене Вагнер на АФС
16.05.2025 • Информации

Ве покануваме на шестото, последно предавање од серијалот на гостински предавања Architecture Off-Center, организиран од страна на ЕАСА Македонија во соработка со Архитектонскиот факултет – Скопје и Факултетското студентско собрание при АФС.
Шестото предавање со наслов „(un)doing Architecture?” ќе го одржи (un)doing Architecture? на 19 мај во 18 часот, на Архитектонскиот факултет.
Во своето истражување и серија на колаборативни работилници, Марлене Вагнер ги преиспитува темелите на архитектонското знаење, практика и продукција преку феминистички, постколонијални и деколонијални перспективи. Таа поставува прашање што значи да се (од)учи1/(un)learn, (от)прави2/(un)do и (од)гради3/(un)build архитектурата со цел да се замислат поправедни и повеќестрано ситуирани начини на создавање простор?
Потпирајќи се на своите тековни истражувања, преку ова предавање таа ги отвора клучните прашања на од-учување, от-правење и од-градување на архитектурата. Нè поканува да ги предизвикаме воспоставените норми, да ги преиспитаме структурите на моќ и да создадеме простор за релациски начини на размислување и создавање – и во теоријата и во практиката.
Наместо да ја третира архитектурата како фиксна дисциплина, Марлене предлага критичко-феноменолошки фокус на тоа што, кој, каде и како се проектира просторот. Што треба да се (од)учи, (от)прави и (од)гради за да се практикува архитектурата поинаку – контекстуално, ситуативно и плурално?
Заедно, ќе размислуваме и ќе споделиме критички проектантски практики: Како да се снајдеме во повеќестрани, трансверзални и понекогаш спротивставени реалности? Како архитектонското знаење и дејствување може да се реконфигурира за да биде поодѕивно, поодговорно и поодржливо? И најважно – како не само да иницираме трансформација, туку истата да ја одржиме со интегритет и грижа?
Кратка биографија:
Марлене Вагнер делува во областа на “социјалната архитектура” која што ја практикува, истражува и предава. Нејзината работа се темели на трансдисциплинарност и трансформација на пресекот помеѓу теоријата и праксата, проектантско-истражувачката дејност, како и феминистичката и пост-колонијалната критика. Како еден од основачите на непрофитната архитектонска организација buildCollective, Марлене има реализирано бројни меѓународни проекти поврзани со образовни, социјални и технички инфраструктури и предава на Техничкиот универзитет во Виена, Универзитетот Витватерсранд, Универзитетот за уметност и дизајн во Линц, Универзитетот за применети науки во Каринтија и други високообразовни институции. Таа се занимава со креирање и развивање на нови формати за учење и алатки за општествен ангажман, а имала и клучна улога во основањето на лабораторија за урбана мобилност. Во моментов, Марлене е активна членка на колективот Claiming*Spaces при Техничкиот универзитет во Виена и на меѓународната истражувачка мрежа Decolonising Development, а воедно е и основач на Летната архитектонска школа во Виена.

Автор на статија: Filip Koneski