Урбана дивина: нови пејсажи за Охридското Езеро, Студенчишко Блато / Мојсоски

Година: 2019

Тема: Истражување на просторни брасци на раст

Наслов: Урбана дии: нови пејсажи за Охридското Езеро, Студенчишко Блато

Автори: Дарко Мојсоски

Ментор: доц. д-р Слободан Велевски

Локација: Студенчишко Блато, Охрид

 

 

Во изминатиот период, ситуацијата на Студенчишко Блато порасна во еден од најкомплексните урбанистички проблеми со кои се соочуваме. Од една страна станува збор за еко-систем кој мора да се заштити и презервира, а од друга страна, тоа е локација која градот Охрид со својата експанзија постепено ја проголтува и деградира.

Ви претставуваме магистерски труд кој храбро го адресира проблемот преку сеопфатен урбанистички потег. Студентот планира зголемување, заокружување и презервирање на примарната заштитна зона,  додека на периферијата разработува програми за едукација и приближување на јавноста кон овој редок еко-систем.

 

 

 

Охрид – густина на градот и градежна експанзија 

 

 

 

Современите текови во развојот на градот Охрид предизвикуваат турбулентен период во неговото целокупно, неколку милениумско битување. Но, и покрај неговата неконтролирана и нелогична урбанизација на сета онаа територија што е празна или неиксористена, најпроблематичен аспект е придвижувањето на градот како магма кон природните чинители на околниот пејзаж и еко-системите без кои градот, но и езерото не може да се замисли дека би можеле да опстојат понатака и да ја задржат својата природна кохезија која опстојувала непречено во еден толку долг временски интервал.

 

 Тема на разработка на овој магистерски труд е заштита и интеграција на блатниот еко-систем Студенчишта во Охрид, како рефлексија на моменталните случувања кои можат да резултираат до евентуално целосно уништување на блатото и неговиот специфичен еко-систем како и еко-системот на Охридското езеро со кое се во нераскинлива врска.

 

 

 

 

Морфолошки промени на Студенчишко Блато

 

 

 

 

 

Студенчишко Блато – флора и фауна 

 

 

 

Заштитување преку отстранување на постоечките чинители на неговиот дисбаланс, како и поставување на соодветни архитектонски интервенции со кои ќе се овозможи негово нормално функционирање, но и континуиран развој на градот во кохезија со запазување на природните зададености во целиот контекст на локацијата.

Зададениот пејзаж во целината служи како структурирачки елемент на просторот и создава непрекината „едност“ со градот кој непосредно се влева во оваа територија, додека пак архитектонските интервенции се појавуваат како честички и ја освојуваат територијата со својата логична поставеност во контекст на морфологијата на природната структура на земјиштето.

 

 

 

Лево – постоечка ситуација | десно – новопроектирана ситуација

 

 

 

 

Ситуација со отворено приземје – фрагменти

 

 

 

 Архитектонските интервенции од кои секоја засебно е посебна целина, а впрочем се во меѓусебна функционална корелација во целовитоста не територијата, со својата логична поставеност создаваат ефемерална бариера односно физичко-визуелна граница која има функционална улога и создава комплексна врска помеѓу заштитата и интеграцијата на блатото преточувајќи го во една мултифункционална пристапна целина во однос на тоа што целиот овој простор претставуваше само една мистична територија позната на малкумина и видлива од далеку, која изгледа успиена и мирна додека секојдневно е демнета од нејзиниот најголем  предатор – градежната експанзија.

Предмет на ова истражување се можностите за поставување на архитектонските интервенции на територијата на блатото и агрикултурното земјиште, во ново програмско и просторно единство на природниот пејзаж и артифицијалните интервенции.

 

 

 

 

Анализа на компаративни модели

 

 

 

 

 

 Програмска анализа

 

 

 Истражувањето од една страна се осврнува кон спречување на штетните дејствија и влијанија врз еко-системот на блатото, а од друга страна  претставува директна врска кон пост-продуктивната агрикултурна зона која е комбинирана со домување и директно поврзана со пасиштата кои се наоѓаат во непосредна близина на нас. Рача.

Во релација со целината која претставува пејзажен парк кој во исто време служи и како известување дека тука веќе урбаната експанзија треба да запре и да го одмине, но и парк во кој луѓето ќе бидат секојдневни учесници и ќе го гледаат постојано овој организам како живее, како се храни, и кои се сите негови органи. Меѓутоа, бидејќи производот на овој организам не секогаш е сфатен како еден круцијален продукт кој е суплемент за целата околина, се поставуваат архитектонските целини кои како трагови се распркани во локацијата. Нивната цел е токму тоа на еден директен и едукативен начин да им објаснат на граѓаните и посетителите дека блатото е жив организам без кое на Охрид и Охридското Езеро несомнено би му се случила еколошка катастрофа од несогледливи последици, а притоа да создаваат еден нов социјабилен простор во градот.

 

 

 

 

 

Фотографија од макета

 

 

 

 

За целта на ова истражување се анализираат природните зададености и потреби на локацијата од повеќе аспетки. Анализа и проекции за идниот развој на пошироката локација. Проектирање и приспособување на архитектонски делови и целини. Спојување на сите слоеви на истражувањето и создавање финална анализа на истражувањето како целина.

 Сите слоеви на природните фактори и артифицијалните структури се анализираат одвоено, а потоа истите се преклопуваат и се создава нивна симулација која ја креира финалната целовитост и од сите слоеви создава единствена целина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Контекстот на градот Охрид е ставен во анализирачки сегмент во рамки на негово пошироко согледување преку аспектите на урбанизацијата и трипартитниот однос помеѓу: езерото -блатото – градот, а потоа од поблиска перспектива се анализираат слоевите на локацијата и теоретски се истражуваат референтни модели кои понатака го претставуваат главниот материјал од кој деривираат компаративните модели кои се согледуваат во однос на конкретната територија.

 Целта на истражувањето претставува развивање на еден поинаков урбан развој на градот Охрид, и заштитување на животната средина во услови на агресивно влијание на туристичкото побарувње, односно една нова насока со која урбаниот раст и животната средина ќе коегзистираат без меѓусебно нарушување.

Поинаков урбан развој подразбира  креација на урбана целина која се заснова врз постулатите на еколошкиот урбанизам, создавајќи нови пејзажи за Охридското Езеро кои се комплементираат со теми од културната, технолошката, едукативната, социјалната и туристичката сфера, со тоа целиот овој контекст на овој дел од градот добива корисна функција и е целосно интегриран со постоечкото урбано ткиво, без притоа да се наруши функцијата.

Од студентот

 

 

 

 

 

 

 

  • Фрагмент: изложбен павилјон

 

 

 

Визуализација – павилјон

 

 

 

Основа на приземје

 

 

 

 

 

 

 

 

Изгледи / пресеци

 

 

 

 

  • Фрагмент: ИТ  центар + Кула

 

 

 

Визуализација – кула

 

 

 

Визуализација – ИТ центар

 

 

 

Основа на приземје

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

  • Останати сегменти

 

 

 

Визуализација – наколни куќарки

 

 

 

 

 

Визуализација – центар за водни спортови

 

 

 

 

Фотографии од макета