Урбани атентатори: Како еден посредник, еден градоначалник и неколку бизнисмени го променија Тафталиџе

Истражувачката репортерска лабораторија МАКЕДОНИЈА, подготви материјал со кој сака да ги објасни тековите на „градежната мафија“, овој пат со населбата Тафталиџе.

„Од 2007 до 2015 година во македонското Собрание се направија 104 измени на клучните закони за градење. Преку државно спонзорираните проекти во градежниот сектор за само една деценија, градот радикално се трансформираше. Секој нов урбанистички план овозможуваше неконтролирано градење од една мала моќна група со пари и пријатели во политиката. Промените не беа во функција на подобрување на животот на граѓаните. Политичарите кои одлучуваат на ова секогаш имаат еден одговор: Се’ е според законите. Таков е случајот со Тафталиџе. Низ пребарувањето на стотици документи во државните институции и дигиталните архиви, тимот на ИРЛ открива како во само пет години се изградија таканаречените бетонски чудовишта во населбата Тафталиџе. Во оваа приказна главните карактери се познати имиња од бизнисот со пари и пријатели во медиумите и политиката. Еве како се случи трансформацијата на нашиот град преку примерот на Тафталиџе.“

 

Покрај образложението, IRL Macedonia подготви и интерактивна мапа на која може да се увидат конкретните локации и новоизградените „чудовишта“.

 

кон мапата >>>

 

Во продолжение можете да го погледнете видеото, додека целата статија оригинално можете да ја прочитате на следниот линк >>>

 

Пишува: Маја Јовановска

Графика и илустрации: Елена Митревска Цуцковска

Извор: IRL Macedonia