Уште еден објект во Скопје од првата половина на XX век оди во заборав
14.06.2026 • Информации Став
Багерите во Македонија, секојдневно удираат врз објекти кои во некој нормален град, треба да бидат со соодветен третман на заштита и да учествуваат во амбиентални целини како активна меморија и историја на централното ткиво.
Бидејќи Општина Центар, воопшто урбанистички не води грижа за овие објекти и не предлага нивна заштита, додека „заштитарите“ немаат никаква иницијатива за истото, инвеститорите воопшто немаат „милост“ кога станува збор за парцела во скопското централно подрачје, каде квадратот се доближи до 3000 евра.
Фотографии од рушење : Бисера Михајловска
Овој пат станува збор за објект на ул. Борка Талески, до првиот објект на ресторанот за брза храна „7“, спроти Грчка Амбасада и Порта Буњаковец.
Земјотресот од ’63та однесе големо наследство, но по ’63та урбанистите го однесоа се останато. Нека ви се алал урбанистичките планови, на кои ги ставате вашите потписи!
Автор на статија: Filip Koneski
Архитектонско наследство / Буџаковец / Општина Центар / рушење / Скопје





