„Влеча на возови “ / Скопје
16.01.2017 • ХХ век / II половина
Автор: ?
Локација: 11 Октомври, Кисела Вода, Аеродром
Година: 1960-1965 ( претпоставка)
Фото: Филип Конески
Помеѓу општините Аеродром и Кисела Вода, на огромна површина која во должина надминува 2км се позиционирани објектите на Македонски железници. Во овој комплекс се оддржуваат, репарираат и организираат возовите пред поаѓање од скопската железничка станица и после доаѓање.
Кога е точно изграден овој комплекс не ни е познато, но е многу веројатно дека е во првата половина на 60тите години од XX век ( може да го забележиме на фотографии од 1964 год. со населбата 11 Октомври -згради и 11 Октомври-бараки).
Објектот кој го фотодокументираме служи за одложување на поголемите композиции, вагони, оддржување на хигиена, перење и сл.
Се карактеризира со композиција составена од модул кој се повторува 53 пати. Обликувањето на модулите е добиено според кровното шед решение и потребата од природно осветлување од југозапад. Армирано бетонската конструкција, фасадно е обложена со терацо фасада, додека стаклената фасада е изведена од матирани прозори за дифузно ублажување на светлината.
Должината на објектот е импресивна и изнесува околу 350 м.
Моменталната состојба на објектот е незавидна и видно оштетена што е случај со доминантен дел од индустриската архитектура од XX век во Македонија.
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Влеча на возови / Индустриска архитектура / Македонски железници / Шед кров