Во најава SHARE Skopje 2022

Tomorrow Living and Working SHARE Architects и Асоцијацијата на архитекти на Македонија во партнерство со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија го најавуваат настанот SHARE Skopje 2022.

Меѓународниот форум за архитектура и инженерство ќе се одржи на 15 ноември во Македонската филхармонија и е организиран од SHARE Architects, најголемата мрежа посветена на професионалците во архитектурата и градежништвото во Централна и Југоисточна Европа, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија.

Темата на ова издание ќе биде „Tomorrow Living and Working“ и се однесува на инвеститори и развивачи, изведувачи, архитекти, консултанти и проект менаџери, како и компании со решенија за станбени и канцелариски проекти.
Форумот SHARE Skopje ќе биде домаќин на архитекти со извонредни проекти и меѓународни лидери во иновациите и градежните технологии. Преку архитектонски презентации и дебати, SHARE Skopje Forum нуди најнови информации и знаења како и можност за професионално вмрежување на највисоко ниво.

 

 

Флорин Миндиригиу, ко-основач на SHARE Architects, за SHARE Скопје 2022 ќе рече : „Меѓународниот форум за архитектура и инженерство SHARE го слави своето петто издание во Скопје и се фокусира на иднината на просторите за живеење и работа.“

Овогодинешното издание е посветено на концептот „Добро живеење“ и ве покануваме да откриете како ќе се развиваат нашите простори за живеење (домови, работни места, хотели, продавници): архитектонски и дизајнерски предизвици за паметни, поврзани и флексибилни згради.

SHARE Architects се присутни во Македонија од 2018 година, до сега пречекаа 900 гости и 64 говорници во четирите изданија на форумот во Скопје. 9 македонски архитектонски личности се членови на SHARE Architects Society, ексклузивна групација во рамките на мрежата SHARE Architects која обединува 603 архитекти од светот, поточно од 42земји. Повеќе од 1350 професионалци од Северна Македонија се регистрирани во заедницата SHARE Architects.

 

 

SHARE Architects Network  е мрежа за поврзување на архитекти и изведувачи во Централна и Југоисточна Европа.
Форумите на SHARE architects  станаа, во текот на изминатите 25 години, основна мрежна платформа за архитекти и изведувачи во Централна и Југоисточна Европа. SHARE создава ефикасна платформа за знаење и разбирање на различноста на архитектонскиот феномен на современата архитектура.

Во моментов, настаните на SHARE Architects се одржуваат во 15 земји во Централна и Источна Европа, а заедницата SHARE Architects брои повеќе од 50.000 членови од целиот свет.

 

Влезниците за настанот се движат од 19 евра до 99 евра и тоа:

19 евра – Ексклузивен билет за членовите на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија

39 евра – Билет за практичари: архитекти, дизајнери, инженери за инсталација.

99 евра – Билет за претставници на компании кои обезбедуваат градежни материјали и технологии за градежната индустрија и развивачите на недвижнини.

Регистрацијата е онлајн на https://membership.share-architects.com/Events

Придружете се и поддржете го SHARE Скопје 2022
https://share-architects.com/join-support/

Автор на статија: