Во Старата скопска чаршија не престанува изградбата на нови објекти!
28.06.2021 • Информации
Викендов повторно бевме сведоци на активност во Старата скопска чаршија. Објекти кои евидентно се узузрпатори на просторот се оние со хотелските и угостителските содржини.
На хотелот „Буши“ очигледно не му беше доволна изградбата, во моментов надоградува поткровје за проширување на капацитетите.
До хотелот „Арка“ веќе е изграден хотелот „Premium“, кој има 4 нивоа над фасадниот венец, а до него целосно е срушен соседниот објект и приземно во карабина е издигнат новиот. Тековно вртат бетономешалки и присутни се работници.
Хотелот „Premium“
Неодамна бевме сведоци и на рушењето на легендарниот објект на „Менада“ и неколку објекти во средиштетото на чаршијата, додека во блиското минато се случи изградбата на плоштадот „Скендербег“ непотребно наметнувајќи се врз комплексот „Караорман“ и изградбата на Портата кон Бит Пазар.
Чаршијата со тековните и претходните интервенции
Како за никој друг простор во Скопје, активностите во чаршијата се премолчуваат и се на очиглед аминувани од некого.
СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА!
Автор на статија: marh
Деградирање на градителско наследство / стара скопска чаршија / Узурпација / Урбанистички хаос