WE AND NATURE
10.03.2015 • Ентериер и мебел
weandnature.com
facebook.com/weandnature
contact@weandnature.com
078/ 304-180
WE AND NATURE е млад македонски бренд под чија капа се произведува дизајнерски мебел од масивно дрво.
Производите на WE AND NATURE се изработени од дрва со просечна старост од 200 години кои растат во најнепристапните предели во Македонија. Во производниот процес кој трае 6 месеци третирани се со 100% природни субстанци за да се задржи нивниот автентичен изглед и убавина.
Првата линија на овој бренд “One, two, three” пласирана во 2014. се состои од производи кои нудат одлична функционалност и широка примена. Секој производ од оваа линија е изработен од едно парче дрво кое овозможува секојдневен допир со минатото и природата, а со додадените тркалца се постигнува ислкучителна мобилност која дозволува дури и мало дете без напор да ја менува нивната позиција.
Секое парче е уникат сам за себе кој може да се применува како клуб или странична масичка, столче, табуретка, барска маса, клупа, постолје за телевизор, постамент, или да има било каква намена која корисникот ќе ја замисли. Комбинацијата од трите елементи нуди неограничен број на можности за уредување. Нивната природност и геометриската форма ги прават лесно вклопливи во секој ентериер.
Тимот на WE AND NATURE секојдневно и внимателно истражува, тестира, разменувa идеи и вештини, сè со цел да создаде безвремени производи кои ќе се користат од повеќе генерации.
Автор на статија: marh