Јелен Капан Џамија / Скопје XVI – 1975

Китор:  непознат

Година:  пред  1565 – 1973

Локација:  Бул. Гоце Делчев, денешна судска палата.

Јелен Капан Џамија подигната во средината на 16 век, припаѓала во групата на една од најголемите џамии во Скопје. По потпаѓањето на Скопје под Отоманската империја во 1392 година, градот доживува динамична и планска урбанизација во следните 150 години во кои големиот број на Отомански комплекси ќе бидат изградени преку „муслиманската институција на вакаф“. Се наоѓала на Бул. Гоце Делчев, денешна судска палата.

Секакви информации за градбата и името на Јелен Капан Џамија се изгубени низ времето. Заради сличноста на архитектурата со Мустафа Пашина Џамија (1492) и Јаја Паша Џамија (1503) и Муеззин Хоџа-Дуќанџик Џамија (1549), се претпоставува дека потекнува од првата половина на 16ти век. Дополнително, во текот на реставрацијата на џамијата, во гробиштата до џамијата била пронајдена надгробна плоча на извесен Ахмед, син на Мухамед со означена година на смртта хиџриска 983 (1575-1576), факт кој го потврдува градбата на џамијата пред 1575.

Северна фасада непосредно пред рушењето, @Muhammed Aruç

Многу работи се непознати за Јелен Капан Џамија. Киторот и „вакаф-намето“ се изгубени, плочата со градењето на објектот не бил пронајден, а и името Јелен Капан Џамија не е веројатно правото име на Џамијата. Во еден документ од 1896 година веќе се потврдува дека дури во 19 век, Џамијата така била позната.

Контекстот околу џамијата, почеток на 20 век

Од фотографските извори кои постојат од периодот пред рушењето на џамијата можеме да ја анализираме архитектурата на џамијата. Архитектурата на Јелен Капан Џамија бил карактеристичен претставник на раната отоманска архитектура, Нејзината основа била квадратна со димензии 16.15м х 16, 15 метри покриена со четири воден кров од тули. Влезот во објектот бил преку нартекс (трем) на северната страна кој бил изработен од дрвена конструкција со столбови кои се поврзани со полукружни лакови. Материјалот кој бил користен е ѕидан и клепан камен со редови на тули, ѕидовите било со дебелина до 150 см. Сводовите од тремот се потпирале на десет дрвени столбови.

Фотографија непосредно пред земјотресот во 1963, @stari skopjani

Минарето на џамијата било со кружна база и со кружно стебло. Врвот бил украсен со извонредни делкани сталактитни декорации но за време на земјотресот во 1963 биле оштетени и повеќе не реконструирани.
На источната и западната фасада се наоѓале три прозорски отвори на горната страна и два на долната страна, додека на јужната фасада две прозорски отвори на горната страна и два на долната страна.


Се претпоставува дека а нејзиниот изменет и дека била од типот на куполните џамии. За потврда на оваа хипотеза не постојат доволно информации и на фотографиите не се познаваат траги од тромпи над кои би била поставена куполата.

@Halpern, Joel Martin 1973

Џамијата како и многу други претрпела оштетувања за време на земјотресот во 1963 година. По новиот урбанистички план во 1965 за обновата на градот, Џамијата припаѓала во зоната во која нови јавни објекти ќе се изградат. Иако Јелен Капан Џамија била прогласена за споменик на културата во 10.12.1963 година, со новиот урбанистички план за Скопје била намената за рушење и во Март 1975 година истата била срушена.

@Muhammed Aruç

Користена литература:  Proceedings of the Fourth International Congress on
Islamic Civilisation in the Balkans
13-17 October 2010, Skopje, Macedonia

Muhammed Aruç* , Makedonya’da Osmanl1 Dônemine Ait Olan
Tarîhî Eserler: Varolu􀀡 veya Yokolu􀀃
,