„Зборува Скопје“ – одбележување 55 години од катастрофалниот земјотрес

Извор: Град Скопје

„Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовна, театарска, филмската и мултимедијална уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.

Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, КИЦ, Музејот на современата уметност, платото пред МКЦ, ќе бидат местата кои во овие четири дена за скопјани ќе понудат интересни настани кои ќе можат да се погледнат само во рамките на оваа манифестација.

Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Со особено задоволство почетокот на манифестацијата на 23 јули, понеделник, ќе го одбележиме со враќањето на буквите од пораката на Јосип Броз Тито на источната страна на Музејот на град Скопје. Граѓаните овој настан ќе можат да го проследат од 20 часот во Музејот.

„Тивка реконструкција на земјотресот“, перформанс на Билјана Радиноска и „Сонува Скопје“, краткометражен филмски колаж на Дина Дума, се дела на нашите млади уметници што ќе бидат дел од централниот настан на 25 јули што ќе се одржи во Графити галеријата на ГТЦ.

Програма:

22.07.2018
СКОПЈЕ НА НАШИТЕ ДЛАНКИ 1963-2018
Опис: Отварање на работен камп
Почеток: 20:00 ч.
Локација: Студентски дом “Стив Наумов”
Организатор: Здружение за волонтерско работно и едукативно ангажирање АКЦИЈАШИ

23.07.2018
СОЛИДАРНОСТА СЕ ВРАЌА ДОМА
Опис: Враќање на буквите од изјавата на Јосип Броз Тито во 63та на источната страна на Музејот на град Скопје
Почеток: 20:00 ч.
Локација: Музеј на град Скопје
Организатор: град Скопје

СКОПЈЕ НА НАШИТЕ ДЛАНКИ 1963-2018
Опис: Работен камп
Почеток: 23-28.07.2018
Локација: општина Гази Баба
Организатор: Здружение за волонтерско работно и едукативно ангажирање АКЦИЈАШИ

24.07.2018
РУТА НА СОЛИДАРНОСТА
Опис: Панорамско разгледување на Скопје со фокус на случувањата поврзани со катастрофалниот земјотрес 1963
Почеток: 11:00 ч. и 17:00 ч.
Локација: парк на Мајка Тереза (платото пред зградата на ЕВН)
Организатор: ЈСП Турс ЈСП Скопје и град Скопје

25.07.2018, среда
ЗБОРУВА СКОПЈЕ – ГЛАВЕН НАСТАН
Скопје сонува
Опис: Краткометражен филмски колаж на Дина Дума
Почеток: 20:30 ч

Тивка реконструкција на земјотресот
Опис: Перформанс на Билјана Радиноска
Почеток: 21:00 ч

Разговор со смисла
Опис: Музичка програма – Концерт на Mammoth & Yashem, Концерт на Тодор Караколев, Импров сесија со музичари од новата скопска сцена
Почеток: 22:00 ч

Организатор: град Скопје
Локација: Графити галерија ГТЦ (автобуската постојката во ГТЦ)