Железничка Станица Скопје – брошура

Издава: Железничка транспортна организација Скопје

За издавачот: Ристо Петровски, главен директор на ЖТО Скопје

Година: 1981

Редакциски одбор: Никифор Цанцевски (претседател), Александар Ѓурков, Драган Маневски, Георги Миленковски, Борче Орашански и Благоја Стојановски

Подготовка за печат: Кирил Темков

Ликовно-техничко уредување: Костадин Танчев – Динка

Текстови: Александар Ѓурков, Борче Орашански и Кирил Темков

Фотографии: Драган Маневски, Румен Ќамилов и Цветко Шалински

Технички соработник: Магдалена Ставревска

Печат: Младинска книга – Љубљана

Тираж: 5000 примероци

 

Во денешната објава ви презентираме публикација издадена по поводот на пуштањето во сообраќај на тогаш новата Железничка станица во Скопје.

Железничката станица во Скопје во склопот на новиот Транспортен центар, е отворена на 27 јули 1981 година и веднаш станува еден од највпечатливите симболи на обновата на Скопје. Изградена по земјотресот во 1963 година, овој објект го носи потписот на прочуениот архитект Кензо Танге и претставува редок пример на објект од ваков вид во регионот. Со своите масивни бетонски столбови, долги перони и уникатната урбана интеграција, Железничката станица е првично проектирана да прими 18 милиони патници годишно. Иако тој број никогаш не беше достигнат, станицата и денес фасцинира. Оваа брошура нуди можност да ја видиме приказната зад еден од најамбициозните проекти во Скопје.

Во продолжение погледнете ја целосно скенираната брошура. Уживајте!