Зголемување на градското зеленило како императив во урбанистичкото проектирање – Урбанистичко архитектонски интервенции на централното градско подрачје на Скопје

Абстракт – краток опис за публикацијата

Публикацијата со наслов “Зголемување на градското зеленило како императив во урбанистичкото проектирање – Урбанистичко архитектонски интервенции на централното градско подрачје на Скопје” произлезе од истражувањата на студентите по архитектура по предметите: Урбанизам 1 и Пејзажна архитектура како и од урбанистичката работилница организирана на факултетот за архитектура.

Оваа стручна публикација претставува завршна фаза на повеќемесечното истражување и работа на студентите од петти и шести семестар на додипломски студии и седми семестар од постдипломски студии.

 

 

Извадоци

 

 

Предметот на ова истражување произлезе од низата проблеми со кој се соочува градот, фокусирајќи се на градското зеленило во Скопје, постоечките “зелени” зони – паркови и тревни површини и запуштените градски простори.

 

Целта на истражувањто е да се идентификуваат преостанатите зелени површини во централното подрачје – Голем Ринг, кои останаа непроменети и неуништени од изминатите градежни активности, а согласно со тоа и нивна ревитализација и пренамена со цел добивање на пофункционален и естетски обликуван урбан, градски пејзаж. Фокусот на истражувањето е во ЦГП, каде што се мапираа постоечките зелени површини и запуштените простори.

Проектите, објавени во оваа публикација претставуваат нови и свежи идеи и придонес за надминување на проблемите на градот Скопје.

 

Линк за преглед  и симнување на публикaцијата >>>