КОАИ со анкета за Ценовникот за инженерски услуги за високоградба

Во рамки на своите активности, Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ), Одделението на архитекти изработи Анкета, со цел да се добијат резултати што ќе бидат анализирани. Врз основа на анализите и резултатите ќе бидат преземени активности во иднина.

Ценовникот за инженерски услуги во високоградбата, Анексот на ценовникот за инженерски услуги во високоградбата и Калкулаторот се објавени на веб страната на Комората.

КОАИ ги замолува своите членови да одговорат на Анкетата, која нема да одземе повеќе од 3-5 минути. Анкетата може да се превземе тука.