Обрасци на раст: Неприродни Екологии, ЖИЧЕН ПЕЈСАЖ / Мојсоски, Николовски

ИНТЕГРАТИВНО СТУДИО

Автори: Дарко Мојсоски, Давид Николовски

Педагошки тим: доц. д-р Слободан Велевски / доц. д-р Марија Мано Велевска / Никола Ѓорѓиевски

Проектна задача: Обрасци на раст – неприродни Екологии

Локација:  северо-источен раб на градот Скопје

Семестар: IX

Година: 2018

Оваа година темата на студиото ја истражуваше релацијата на современиот град, неговата инфраструктура и пејсажот, односно го следеше феноменот на урбаното како артифициелен продукт, проверувајќи ја потребата за негова ре-контекстуализација назад во природата. Резултат на овие комплексни преклопувања се студентски проекти кои успешно создадоа контрадикторен но истовремено и функционален модел на „неприродна екологија“ што ги потврдува спротивставените карактери на природното и вештачкото во единствена целина преку просторна идеја за северо-источниот раб на градот Скопје.

повеќе за АФС на АХО

Сл, 1. АФС на АХО (www.arh.ukim.edu.mk)

Локацијата на задачата на студиото се простира во зоната меѓу Радишани и Стајковци, а од неа студентите поделени во 6 тимови, разгледуваат 6 различни фрагменти. Групната анализа, во секој од тие делови развива засебни зони за култура, инфраструктура, образование итн.

Еден од тимовите на студиото се студентите Мојсоски и Николовски, кои во нивната зона развиваат жичен парк. Во оваа објава тие ни го презентираат нивниот проект.

Сл, 2. Мапа на групната задача – 6 х 6км.

Ќе бидете изненадени од тоа колку многу можете да искусите во периферните површини на градот. Прво ја приметувате хармонијата помеѓу пејсажот и функционалноста. Ова е место каде што се случуваат многу работи кои се во склад со природата со доза на необичност но не и перманентност.

Сл, 3. Мапа со опфат на разгледуваниот фрагмент – 1 х 1км.

Начинот на кој што се објектите поставени на репродуктивната земја додека се меѓусебно поврзани со гондола жицници како начин на транспортирање корисници и производи, ја репрезентира метаболистичката архитектура. Тука има голема продуктивна индустрија која ја храни економијата. Растењето, одржувањето и продавањето на органска храна. Исто така има и многу животни кои живеат и репродуцираат и се во интеракција со корисниците.

Сл, 4. Визуализација – поглед кон стакленик

Може да се научат многу нови работи, директно од едукациските програми кои ги нуди ова место и индиректно, кога ќе го земеме во предвид неконвенционалниот начин на живот. На ова место луѓето ја држат главата крената нагоре и ним никогаш не им е здодевно. Кога гледаат нагоре тие ја гледаат иднината, и се она што доаѓа со неа.

Сл, 5. Визуализација – поглед кон перформанс -центарот

Како енергетски извор се користи обновливата енергија од сонцето, користејќи соларни панели, што е најкарактеристичното нешто за ова место. Секој објект е покриен со панели доволни за создавање на енергија за индивидуалната потрошувачка како и за извоз.

Сл, 6. Основа – лево: маркет за органска храна + стакленик, десно: библиотека + ботаничка градина

Сл, 7. Основа – лево/доле: фарма + едукаториум, лево/горе: домување + стакленик, десно: перформанс центар + транспортен хаб

Местото содржи и силоси во кои се собира се она што е вишок од производството и животните и кое потоа се преработува во енергија – биомаса.

Сл, 8. Панорама, шема

Сл, 9. Изглед на опфатот

Транспортот е многу лесен и функционален, користејќи гондола лифтови во најголемиот дел, додека на земјата има минимална употреба на моторни возила кои се употребуваат по улиците кои се поврзани со регионалниот автопат.

Жицницата се поврзува со локалните региони како и блиската планина правејќи ја функционална и рекреативна.

Од студентите

Сл, 10. Аксонометриски приказ

Сл, 10. Аксонометриски приказ

Сл, 11. Пресек низ стакленик

Сл, 12. Основа на стакленик – приземје

Сл, 12. Основа на стакленик – кат

Сл, 13. Пресек низ перформанс центар и транспортен хаб

Сл, 14.  Основа на перформанс центар

Сл, 15.  Фотографија од макета

Сл, 16.  Визуализација

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис