Зоран Абадиќ со предавањето на тема „Гестови_Непропуштени можности” ќе земе учество на13. Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн
30.06.2026 • Информации
Ве покануваме на jавното предавање на професор Зоран Абадиќ, архитект од Белград, Република Србија, професор на Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград и основач на архитектонското студио 1x2STUDIO во Белград.
Предавањето, со наслов „Гестови_Непропуштени можности” ќе се одржи во среда, 1 јули 2026, со почеток во 20 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид.
Настанот е дел од 13. Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, која се одржува во периодот од 28 јуни до 5 јули 2026 година во Охрид, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје.
Темата на овогодинешната школа е “PEARL IN THE SHELL”, а водечки тутори се проф. м-р Зоран Абадиќ и доц. д-р Јелена Богосављевиќ од Архитектонскиот факултет при Универзитетот во Белград.
