Зошто нема дрвја?
08.10.2022 • Став
Низ последните децении преку градежната експанзија Скопје изгуби огромни површини на зеленило, како хоризонтално така и вертикално. Сепак еден од највпечатливите идентитети на градот се дрворедите долж улиците и сообраќајниците. Секако дека има и позиции каде, бар за нас, не е јасно зошто нема дрвја?!
1.Улица „Македонија“ на потегот помеѓу раскрсниците со „Даме Груев“ и „Свети Кирил и Методиј“
2. Улица „Св. Кирил и Методиј“ пред NLB Банка
3. Улица „Св. Кирил и Методиј“ пред новиот објект на Кам
4. Булеварот „Св. Климент Охридски“ ќе биде запаметен како еден од најголемите злостори на урбанизмот во главниот град. Сообраќајното поимање на градот единствено на база на алгоритми и софтвери за проточноста на возилата е показател за еднострано одлучување и изоставување на контекстот на градот. Булеварот со своето средишно зеленило во кое постоеше и пешачка патека со урбана опрема беше уникатно за главниот град. Овој потег беше ретка „урбанистичка археологија’, решение предвидено уште во времето на легендарниот скопски градоначалник Јосиф Михајловиќ Јуруковски.
По масовната сеча, она што се предвиди како замена претставува декоративно зеленило, во кое каталпи, индиски јорговани и туји не може да се поимаат како соодветно решение и замена на загубеното.
5. Улица „Манапо“ долж City Mall
6. Бул. „Борис Трајковски“ пред зградата на Адора
7. Бул. „Борис Трајковски“ спроти Расадник, меѓу населбите 11 Октомври – згради и 11 октомври – бараки
Како би можело да биде ( низ примерот на улица „Македонија“)
Оваа објава ќе биде константно надполнувана со цел да ги посочиме потенцијалните места за озеленување во главниот град >>>
Автор на статија: Filip Koneski