Зошто нема дрвја? / 2

Низ последните децении преку градежната експанзија Скопје изгуби огромни површини на зеленило, како хоризонтално така и вертикално. Сепак еден од највпечатливите идентитети на градот се дрворедите долж улиците и сообраќајниците.

Секако дека има и позиции каде, бар за нас, не е јасно зошто нема дрвја?!

Ова е втората објава која го поставува прашањето за конкретно посочена локација. Станува збор за просторот на Стар Аеродром, каде се реализирани приближно 40 нови станбени објекти.

 

Стар Аеродром

 

Тоа што е останато како хоризонтално зелена површина, не е возможно да се промени, но на истата недостасува вертикално зеленило, кое треба да е обврска на инвеститорите. Тоа што го забележуваме се најчесто најефтините садници на туја кои ниту развиваат доволна маса на зеленило, не постигнуваат височина, не развиваат крошни кои влијаат на микроклимата.

 

Тековна ситуација на терен

 

Ваквиот неразбирливо скржав пристап на инвеститорите кои направија стотици милиони евра од оваа локација, мора да биде санкциониран или одново потикнат од општината со конкретен план за засадување, кое ќе биде на нивен трошок.

 

Пред и потоа ( монтажа )

 

Постојат многу различни видови, веќе формирани садници со 3-4 метри височина, грмушки и сл. кои можат да ја променат сликата за овој простор и да го облагородат просторот што е од корист на сите нас.

 

Пред и потоа ( монтажа )

 

Во објавата презентираме постоечка состојба и монтажи во контекст на кажаното. На секоја општина и недостасува сериозен пристап кон зазеленувањето, и формирањето на нови дрвореди а со тоа зголемување и на бројот на дрвја во градот.

 

Пред и потоа ( монтажа )

 

Тоа што урбанизмот и архитектурата го уништуваат, единствено зеленилото и хортикултурното уредување може да го облагородат и припитомат. Овие инвестиции чинат премалку, но нивниот ефект и придонес е огромен.

Продолжува ….

 

Пред и потоа ( монтажа )

 

Зошто нема дрвја? / 1