АРХИТЕКТОНСКО РЕПРОЕКТИРАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ НА РАДОВИШ / Магистерски труд на Севџи Сејфединова

Универзитет: Св. Кирил и Методиј/ Архитектонски факултет – Скопје

Тема: Архитектонско репроектирање на објекти, места и простори

Наслов: Архитектонско репроектирање на дел од централно градско подрачје на    Радовиш

Автор: М.и.а Севџи Сејфединова

Ментор: Доц. Д-р. Јован Ивановски

Година: 2017

 

Со поминувањето на времето градовите претрпуваат многу промени како последица на политиката, општеството, економијата и културата. Некорисните јавни површини и објекти, односно сите простори кои изгубиле значење како дел од урбаниот пејсаж до степен на непрепознатливост создаваат една околина која претставува фактор кој влијае на активностите кои се случуваат.

Овој архитектонско-урбанистички проект претставува интегрирање на одделни фрагменти во кои се наоѓаат напуштени или недоволно искористени простори и објекти со цел да се создаде еден нов идентитет во централното градско јадро надополнувајќи го стариот.

Планскиот опфат претставува урбана оска низ најфрекфентниот дел од градот Радовиш – центарот на која се нанижуваат главните три содржини: стоковната куќа, плоштадот, паркот и пропратните простори и места низ шеталиштето.

Ваквата физичка структура на објектите, подредувањето на објектите во низа во централното градско ткиво оформува јавен простор и дава континутет и јасност. Објектите градени во својот период се карактеризираат со своите белези и се лесно препознатливи и претставуват една силуета на објекти од различен период.

 

 

 

КОНЦЕПТ

Концептот на решението води кон создавање на еден континуиран правец на движење низ јавните простори на кои ќе се јавуваат различни активности, односно подобрување на физичката околина која претставува фактор за случувањто на активностите и нивното траење. Ваквото поврзување на одделните фрагменти ( Стоковната куќа, Плоштадот и Паркот) преку добро структурирани патеки би создал нов идентите на градот надополнувајќи го стариот давајќи му јасна и живописна слика.

Добро структурираната патека која денивелациите ги совладува преку рампи и нејзините пропратни патеки кои се во ист правец овозможуваат пристап и движење до сите фрагементи без никакво попречување. Преку самото искачување на топографскиот терен овозможени се јасни пејсажни визури кон околните јавни површини.

Секој простор протекува во шеталиште преку јасна линија односно знаеме дека јавниот простор завршува таму каде што почнува шеталиштето но сепак контунираноста во партерното уредување и движечките патеки ни создаваат една интегрирана целина од три различни простори.

Првично согледувајќи ги потребите за живот на жителите/ активностите кои можат да се случуваат за да се задоволат социјалните потреби на луѓето, потоа местата кои постојат и на крај објектите кои го сочинуваат планскиот опфат и нивната програма и намена доаѓаме до решение кои би создал еден просторно функционален и естетски подобар простор од постоечкиот.

ПРОГРАМА И МОРФОЛОШКИ ПОСТАПКИ

Програмата на поединечните фрагменти претставува надополнување на постоечката преку разгледување на морфологијата на објектите кои се со одредена намена и функција со увидување на недостатоците на локацијата/ нефункционалноста на некои од јавните објекти и недоволно искористените и напуштените простори.

Model

ПОЕДИНЕЧНИ ТЕМИ И ПРОГРАМИ

Како поеднечни теми се Стоковната куќа со јавниот простор околку неа, Плоштадот Св. Спасо Радовишки, Паркот на Младите и штелиштата измеѓу овие простори кои ги интегираат во една целина.

СТОКОВНА КУЌА

 

Како прв фрагмент е Стоковната куќа која некогаш претставувала атрактивен објект и со својата функција им служел на жителите од целиот град, а денес претставува само една лоша слика, објект кој пропаѓа во најфрекфентниот дел од градот.

Во репроктирањето на самата направена е врска со Електротехничкиот факултет како и со целата пошрока околина. Врската на поврзување со останатите јавни површини и факултетот е направена преку првичната главна пешачка патека од калдирма и поплочувањето во правец кон факултетот така што овие две јавни површини слободно би можеле да функцинираат како еден вид комплекс од повеќе содржини одсносно факултет, стоковна куќа со трговски и угостителски единици, администрација и простории за спорт. Исто така во непосредна близина се јавува Центарот за култура во кој се одвиваат голем број настани преку текот на целата година кој исто така е дел од овие јавни објекти кои функцинираат секојдневно. Направено е ново партерно уредување, со надополнување на урбана опрема за седење и осветлување.

Што се однесува до програмата во самата Стоковна куќа првично како главна функција би претставувал пазар кој во текот на зимските периоди би можел да биде затворен, додека во текот на летниот период би  можел лесно да се отворе преку стаклените лизгачки панели и да претставува дел од надворешниот јавен простор, односно внатрешниот простор да стане дел од надворешниот.

Во приземјето покрај пазарот се јавува и угостителски објект – кафетерија, во подрумот се јавува простор наменет за спорт – теретана со гардоробери и дел за администрација, а на катот се јавуваат дполнителните мали трговски единици, ресторан и администрација.

Пристапот до стоковната е решен преку периметрално поставени скали околу целата стоковна кои совладуваат ниво од 120cm. Намената на овие скали е за пристап до нивото на стоковната и можат да се користат и како површини за седење.

Поплочувањето е решено со два вида на материјали: бекатон и мермерни плочки.

Подземен паркинг

Подземниот паркинг е проектиран со цел да ги задоволи потребите за паркинг простор на постителите и жителите на градот од централниот дел на градот. Подземниот паркинг е сместен во задниот дел од Електротехничкиот факултет на простор на кој некогаш постело игралиште за спортски активности, но денес претставува само еден напуштен и нефункционален простор. Вкупниот број на обезбедени паркинг места изнесува 68 паркинг места. Над подземниот паркинг поставено е игралиште за кошарка и простор за одмор и рекреација.

Плоштад

Плоштадот Св. Спасо Радовишки претставува една јавна површина на која се одвиваат голем дел од јавните настани проследени со различни програми. Пешачката патека од калдирма исто така продолжува, односно поминува низ овој плоштад каде што се јавува едно надвишување од кое патеката го совладува преку рампа, а кон другите страни е совладано преку скали. Проеменета е позицијата на сцената како и нејзината неправилна геометрија со цел да се овозможи што поголема јавна површина на која може да собира поголем број на луѓе.

Скалите кои се јавуваат покрај рампата формираат еден атриум на кој исто така може да се проследат некои помали настани, а самите скали да служаат како трибини за седење.

 

 

Парк на младите

Паркот на младите кој претставува завршна јавна површина на оваа централна урбана оска од јавни површини претставува надополнување и репроктирање на постоекиот со цел да се надоврзи на целосниот коцепт на овие јавни површини.

Централната патека од калдирма која завршува во овде за разлика од другите делови добива една неправиност, искривување на патеката под агол со цел да ги опфати сите споменици, односно спомениците да лежаат на оваа главна пешачка патека.

Во  овој парк се јавуваат површини со ниско зеленило каде во делови се преклопуваат со постоечките и ново високо зеленило. Периметрално на овие јавни зелени површини се јавуват параптени ѕидчиња на одредени делови обложени со дрво кои ќе служат за седење и одмор.

Главниот завршеток на оваа патека удира во контурата од некогашната џамија која е посебно третирана површина од гранит на која се поставени мали трибини за некој мал настан или соопштение и неправилно поставени клупи во вид на правоаголни дрвени волумени.

Шеталиште

Шеталиштата помеѓу овие три главни јавни површини (Стоковната куќа, Плоштадот и Паркот) претставуваат врска помеѓу нив кои им дава континитет. Покрај штелиштата ваквата контунираност на нижење на овие површини е на една главна јасна патека од калдирма која е каректеристика на некогашното поплочување на градот.

 

Ф.К