ГТЦ Скопје / Живко Поповски, Тихомир Арсовски … / 1973
06.04.2015 • ХХ век / II половина
премиерно објавено на 07.12.2014
дополна на објава: 06.04.2015
ГТЦ – Градски трговски центар – Скопје е почнат со изградба во 1973 година. Нa конкурсот, распишан 1967 година пристигнати се 23 архитектонски решенија, меѓу кои победува решението на тимот предводен од Живко Поповски. Покрај овој голем македонски архитект, во тимот учестуваат : Тихомир Арсовски,Живко Гелевски, Димитар Димитров, Благоја Колев, Радомир Лајовиќ и Лидија Маркова.
Фотографии и разгледници ( позајмени од македонските блогови):
За овој маркантен македонски инжењерски објект ви ја приложуваме брошурата, во која се наоѓаат повеќето конкурсни решенија каде особено е посветено внимание на основните образложенија, информации и пресметки за победничкиот проект.
За ГТЦ можеме да говориме без застој, затоа оваа објава констатно ќе се надополнува со податоци со цел промоција на неговите вредности пред пошироката јавност.
ГО САКАМ ГТЦ!
Брошура:
Материјалот го приложил:
Филип Кочевски
Автор на статија: marh