„Компактни соседства-одржлив град“ магистерски труд на Крстевски Д.
28.12.2015 • Истражување Студентски проекти
Пред неколку месеци, Драган Крстевски, млад архитект кој работи во Лондон, успешно ја одбрани својата магистерска теза на тема „Одржливи градови“ на Архитектонскиот Факултет – Скопје под менторство на доц. д-р Дивна Пенчиќ.
МАРХ со задоволство ви пренесува дел од неговата магистерска:
Драган Крстевски
АПСТРАКТ
Светското население постојано расте. Градовите се најголемите и најкомплекните човечки населби. Тие се и најнеодржливите места за живот, но ги има се повеќе и повеќе и се поголеми и поголеми. Затоа градовите треба да се редефинираат и да ги задоволат потребите на сегашноста и иднината. Само град кој е одржлив може да опстане и да биде атрактивен за своите жители. Одржливоста како аспект на современиот урбанизам не се појавува многу одамна. И покрај тоа што по индустријализацијата и влошувањето на условите за живот градовите почнуваат полека да се менуваат и се појавуваат многу теории за иднината на градот, сепак одржливоста како аспект во планирањето се појавува во втората половина на 20тиот век. Одржливиот урбанизам има за цел да ги смени навиките на луѓето во градовите и подобро да го искористи просторот во рамките на градот. Помалку возила, алтернативни начини на превоз, ефикасен јавен превоз и повеќе достапни содржини на пешачка далечина се некои од најважните промени. Градење во висина на простори каде цената на земјиштето е висока значи економски поисплатлива архитектура и повеќе отворени простори за социјализација кои можат да имаат привремени намени, а привремените градби се најодржлива форма на архитектура бидејќи лесно се менува според потребите на луѓето. Креирање на локални економии каде луѓето би работеле не многу далеку од дома и ефикасен јавен превоз и алтернативни начини на превоз што полека би станале и подобар начин за транспорт од користење на сопствено возило. Урбаните економии придонесуваат за помал транспорт на производите, а целта на современиот град е да го намали произведениот отпад, но и транспортот за истиот. Наместо да се шири, целта на современиот град е да биде покомпактен и со поголема густина на население. Со креирање на компактни соседства, целиот град полека може да стане компактна населба која ќе ги задоволува потребите на жителите, но нема да корсти непотребен простор. Отворените простори би имале свои намени и со тоа тие не би биле само бескорисни отворени простори. Скопје и покрај тоа што ги нема проблемите на мега-градовите, сепак треба да почне да се редефинира за да може да го искористи целиот свој потенцијал. Скопје не е голем град, но е неискористен град. Затоа е неодржлив и мора полека да почне да ги користи искуствата од проблемите на големите градови. Градовите се најнеодржливи населби
Архитектурата и општеството отсекогаш биле во нераскинлива врска и взаемно зависни. Архитектурата, како наука ги следи (или барем треба да ги следи) потребите на општествата, ги менува, подобрува и правопропорционално еволуира со општеството. А општеството сме ние, луѓето. Значи ние ја менуваме архитектурата. Но и таа не менува нас. Паметната архитектура и паметниот урбанизам, оние кои се во функција на луѓето, всушност служат и за едукација на луѓето што е и како се развива еден град, а и ги адаптираат нивните потреби, стремежи, стил и вкус кон подобро. Архитектурата и општествата учат едни од други. Но сепак, ова меѓусевно учење и еволуирање би било бесполезно доколку не е воочливо во градовите. Градовите се највисокиот дострел и најеволуираното живелиште на луѓето. Можеби не секогаш, но скоро секогаш, тие се мегданот за револуција во архитектурата, во урбанизмот, во општествата, во политиката, во економијата, во културата и уметноста, образованието и медицината и помалку или повеќе во се друго. Тие претставуваат константен полигон за покаживање и докажување на нас, луѓето, до каде сме стигнале на скалата на бесконечните димензии – времето и просторот. Иако оваа магистерска теза има фокус на архитектурата и урбанизмот, сепак не би можел да ги изоставам сите други науки и општествени прилики споменати претходно кои имаат огромно влијание во моделирањето на градовите, кон подобро или полошо. Во светот од ден на ден има се повеќе луѓе. Развојот на медицината и подобрите животни услови придонесуваат за зголемување на светската популација. Градовите имаат голем придонес кон тоа. И луѓето се повеќе сакаат да живеат во градови. Логично на тоа, се повеќе и повеќе нови градови има во светот, постоечките растат, и потребите за менување на архитектурата и урбанизмот се неминовни. Тоа што било тренд и потреба на граѓаните пред сто години, сега не е исто. Економијата се менува и со зголемување на населението во градовите расте вредноста и цената на земјиштето и тоа мора да се одрази на тоа како ние ги планираме градовите. И покрај тоа што и ние архитектите и урбанистите често носталгично гледаме кон минатото и ја идеализираме архитектурата многу често врз база на нашите теориски ставови, а воедно и луѓето ви градовите често се спремни на крупни промени и споро се привикнуваат, сепак само најхрабрите и авантуристите се оние кои пред време ќе бидат спремни за времето кое доаѓа. Не ме сфаќајте погрешно, не секоја промена е добра. Архитектурата е наука која мора да се базира на многу показатели кои се одраз на општеството. Архитектурата е и уметност, но е најдемократска уметност. Таа е уметност која никој не може да ја избегне, уметност која сите ја користат и уметност која понекогаш и без да знаеме има огромно влијание врз нас и нашите животи. Најдемократска уметност која ги има и најдемократските потези во општествата, но сепак тоа не е тема на оваа магистерска теза. Како и да е, уметничкиот аспект на архитектурата е субјективен, но научниот аспект на урбанизмот и архитектурата е многу објективен. Илипреформулирано – за вкусови не се расправа (иако лично не се согласувам со тоа), но пред научните факти и најмудрите молчат. Затоа при планирањето на градовите потребно е да се видат искуствата од развојот на градот во минатото и да се земат во предвид потребите во сегашноста, но и најбитно од се – да се предвиди како градот ќе се развива во иднината. За да се оствари едно архитектонско дело често се потребни неколку години, а за да се оствари еден градски урбанистички план или стратегија потребни се неколку десетици години. Па токму торади тоа, за во моментот кога архитектонското дело и урбанистичкиот план ќе се материјализираат, луѓето во таа идна сегашност да можат да ги користат придобивките од таа архитектура и урбанизам, ние мораме од моментот кога таа се црта во архитектонските бироа да се црта со потребите на иднината. Тоа што ние го цртаме денес е иднината на градот. Многу често и нема да ја доживееме за да научиме од нашето лично оскуство и лични грешки. Затоа големо влијание во развојот на градовите има развојот на другите градови. Искуствата и грешките кои можеме да ги научиме од другите градови се можеби побитни од се што можеме да научиме од самиот град за кој зборуваме. Па затоа и архитектонските и планерски грешки кои ги правиме во градовите, за нас ќе бидат грешки, но за други голема поука. Сепак и овие искуства од други градови пред да бидат применети мора да бидат адаптирани на локалниот контекст, локалната култура и менталитет. Но генерално да констатирам, луѓето секаде во светот се луѓе, имаат слични потреби, градовите се создадени за нив, а архитектурата е таа која го прави градот – град. Па така би можеле многу да учиме едни од други. Од се досега споменато, не ја споменав само природата. Градовите, сепак, се најнеприродната форма на живеалиште. “Природна” за нас луѓето, но неприродна за животната средина. Оваа магистерска теза нема намера да филозофира за тоа како градот да исчезне или да стане неград бидејќи градовите се тука да останат. Градовите, исто така, и се најнеодржливата форма на живеалиште, но сепак тие се тука и ќе ги има се повеќе и повеќе. Оваа магистерска теза е за тоа како градовите да ги направиме поодржливи и како со планерски стратегии тие да бидат помала штета за околината. Пробчемите не треба да ги решаваме со уништување, туку со адаптирање. Адаптирање на нашите размислувања и нашите потреби, а преку тоа и адаптирање на архитектурата и урбанизмот во градот. Некогаш и обратно. Одржливо соседство За концептот на одржливост да се аплицира на еден град, прво треба да се аплицира на соседствата кои го сочинуваат градот. Градовите постојат многу подолго отколку што постои концептот и размуслувањата за одржливи градови. Така еден град ќе стане одржлив само доколку стратегиите на одржливост почнат да се аплицираат етапно на деловите од градот. Што е соседство? Има две дефиниции за соседство. Првата е соседство е област или заедница во рамките на еден град, а втората е дека соседство е зоната која го опкружува одредено место, личност или предмет 1. Што е одржливост? Можноста да се одржи нешто на одредено ниво или да се одржи еколошки баланс без непотребно да се уништува природата1. Одржливост во урбанизмот значи развој на градовите со ограничено користење на ресурсите и можност за нивна повторна употреба. И покрај тоа што развојот на градовите и соседствата во него почнува од многу одамна, сепак размислувањата за одржливи градови не се тема која ги засегала планерите од многу одамна. Во последните 20-30 години одржливоста на градовите станува битен елемент во развојот на градовите, најмногу поради тоа што значително се зголемува бројот и големината на градовите во светот. Зголемувањето на популацијата исто така придонесува за понемилосрдно уништување на природата и ширење на градовите за да се обезбедат повеќе домови. Токму затоа во последните години терминот оржливост станува многу побитен од терминот сеседство. Не поради тоа што соседството не е битно, туку поради тоа што соседсдствата веќе постојат, но предизвик е тие да бидат одржливи.
Скопје како одржлив град
Скопје е главен град на Македонија и најголем град во земјата. Скопје е град со големи катасторфи во минатото и денес, дел предизвикани од природата, дел предизвикани од човекот. Денес Скопје има околу 600 000 жители и не се наоѓа на мапата на најголеми градови во светот. Скопје исто така и не е пренаселен град, но сепак е град кој не ги искористува своите потенцијали. Градот полека се шири и има проблем со непланско градење и покрај тоа што во рамките на градот, дури и во самиот центар, има неискористени простори. Простори кои можат да станат градежни парцели или артикулирани јавни простори за граѓаните.
Раст на населението и развој на економијата во Скопје и Македонија 2006 – 2013 година,
извор: Завод за статистика, РМ
Населението во Скопје континуирано расте во последните години, најмногу поради тоа што е град кој е деловен и културен центар во земјата. Потрагата по подобри работни места на дел од населението од другите градови во Македонија, предизвикува да се зголемува бројот на населението во Скопје а посебно пројот на младото и работоспособно население. Скопје во 1960тите бил град со околу 200 000 жители што споредбено со денес (околу 600 000 жители) е забележливо дека за само 50 години населението се зголемило тројно. Тоа е најдрастичниот раст што Скопје го има доживеано во поновата историја, а тоа е и раст кој бил предвиден со новиот мастер план за Скопје по земјотресот во 1963 година. Растот на населението во Скопје во послените години влијае и на урбанизмот во градот. Зголемената потреба за домување и деловни простори и неспремноста на градот на одговори на овие барања предизвикува голем дел од градот неплански и брзо да се гради. Централниот дел на градот е генерално неговиот бизнис центар додека пак останатите делови од градот се генерално станбени зони со мали комерцијални или деловни зони. Земајќи ја во предвид големината на градот и икористеноста на потенцијалот на неговиот центар, во Скопје нема потреба за нов бизнис (деловен) центар, но има потреба за редефинирање на неговиот постоечки центар. Центарот на градовите е генерално просторот со најскапо земјиште, па затоа и простор кој највнимателно би требало да се планира. Исто така ова е простор кој ретко кога губи од својата вредност, па затоа треба да се планира секогаш за иднината за да може да ги задоволи предизвиците кои доаѓаат. Одржливоста на урбанизмот во централните градски подрачја исто е многу битен елемент за неговата долговечност и искористеност. И најпосле, ова е дел од градот што најлмогу се користи од сите жители во градот, па затоа и потребно е да се искористи целосниот негов потенцијал. Во Скопје центарот на градот според многумина е „пренатрупан“, но тоа е повеќе поради лошиот урбанизам отколку поради неговата пренаселеност или преискористеност. Најголем проблем во центарот сега се возилата, но со стилулирање на граѓаните за поголемо користење на јавниот превоз, создавање на поефикасен јавен превоз и нови форми на превоз, овој проблем може бргу да исчезне. Според мене, главно искористување на центарот на Скопје би значело негово ширење. Ширење на неговите кафеави простори, односно простори кои моментално се неискористени, а се на премногу поволни локации. Тоа е големите паркинг простори, остатоците од старите фабрики, деловите со ретка населеност, просторите кои се запуштени. Тема на оваа магистерска теза е формирање на компактно соседство кое би служело како пример, односно стратегија, за развој на повеќе делови во градот и можност за аплицирање и адаптирање на дел од аспектите на оваа стратегија во повеќе градски делови. За локација е земен просторот спроти хотелот Холидеј Ин, до Градскиот Трговски Центар, односно просторот каде денес е најголемиот отворен паркинг во Скопје и остатоци на некогашното Ново маало. Овој простор е ограничен со улиците Филип Втори Македонски, кеј 13 Ноември, булевар Кочо Рацин и улицата Мирче Ацев. На северната страна тој е ограничен со кејот на реката Вардар и самата река, од источната страна се наоѓа најголемиот трговски центар во градот, одека пак на западната страна се наоѓа Народната Банка и главната железничка станица во Скопје. И покрај одличната позиција во градот сепак тој е неискористен со што неговара вредност не е искористена. Затоа, целта на оваа магистерска тема е да ги искористи потенцијалите на овој простор, да ги примени аспектите за одржлив урбанизам и компактно соседство кое не само денес, туку ќе може да одговори на потребите и барањата на градот и во идните години.
Компактно соседство во центарот на Скопје
Скопје како град не е пренаселен. Проблемот кој Скопје го има е неговата слаба организација како град кој во последните 50 години тројно го зголемил своето население. Исто така навиките на луѓето за користење автомобили, не толку ефикасниот градски јавен превоз и користењето на центарот на Скопје како единствен градски центар само го прават да изгледа многу похаотичен град отколку што е. Иако Скопје историски во неколку негови планови се предвидува да стане полицентричен град, сепак, центарот на градот сметам дека не е доволно искористен. Сеуште има површини кои не се соодветни како за центар на град и не се соодветно за цената на земјиштето каде се наоѓаат. Со подобра организација, централниот дел на Скопје може да има поголема густина и да биде покомпактен дел од градот. Само така Скопје може да се стреми да биде одржлив град, пред да биде предоцна. Со оваа магистерска теза јас разгледувам еден дел во центарот на Скопје која има многу голем, но неискористен потенцијал. Тоа е површината која се наоѓа помеѓу реката Вардар од север, улицата Филип Втори Македонски од запад, улицата Мирче Ацев од југ и булеварот Кочо Рацин од исток. Оваа локација со големина од 9 хектари моментално на најголемиот дел има паркинг на едно на терен, кучи од пред земјотресот кои сеуште чекаат за нов урбан пан за ова маало и кеј покрај реката Вардар со зеленило кое не е уредено за да може да се нарече парк. Затоа целта на оваа магистерска теза е да предложи ново урбано соседство кое економски, социјално и еколошки ќе ги задоволи потребите на Скопје сега, но и на Скопје во иднината. Креирање на компакти соседства во градот го прават градот да ги користи постулатите на современите теории за одржливост и да стане одржлив град. Стратегијата која е применета за компактно соседсво во оваа магистерска е само пример за како едно соседство во центарот на градот може да биде поодржливо од економски, социјален и еколошки аспект. Сепак, стратегиите на формирање на компактно соседство подалеку од центарот на градот би биле различни, најпрво поради фактот на пониската вредност на земјиштето. Со креирање на компактно соседство во центарот на градот се создава поголема густина на население што придонесува за поефикасен јавен градски превоз и поголемо корстење на отворените градски простори. Во центарот на Скопје сеуште има површини кои урбанистички се остатоци од пред земјотресот и денес претставуваат големи неефикасни простори. Во центарот на градот има големи паркинг површини на едно ниво (само приземје), населби со многу мала густина и отворени неартикулирани простори кои се некорисни за жителите на градот. Со паметно планирање овие простори можат да ја зголемат густината на центарот на градот, да ја зголемат цената на земјиштето и да создадат нови јавни простори кои би биле корсни за сите жители на градот.
Урбанистичко решение за локацијата Локацијата на ова магистерска теза се наоѓа во строгиот центар на градот и претставува едно парче земја кое после земјотресот во 1963 останува урбанистички заборавен простор. На таа локација според планот на Кензо Танге предвидено е да се изгради Републичкиот плоштад кој никогаш не бил изграден па затоа денес тука има еден голем паркинг и неколку куќи останати од пред земјотресот, повеќето во лоша состојба. Тоа што овој простор помеѓу улиците Филип Втори Македонски, Мирче Ацев, булеварот Кочо Рацин и реката Вардар не се редефинирал во изминатите 50 години прави тој да биде игнориран од граѓаните кои не живеат во него иако се наоѓа на важна пешачка раскрсница во градот, доколу не го земеме во предвид фактот дека паркингот е паметно искористена површина. Цената на ова земјиште поради неговата поволна локација не е во однос со искористеноста на земјиштето, поради тоа целта на оваа магистерска теза е да предложи нов урбанистички план кој паметно би го искористил овој простор и кој би служел како пример за современ одржлив град. Со самото тоа што овој простор е неефикасно искористен го прави истиот да биде неодржлив и економски неоправдан. Тема на оваа магистерска теза е компактното соседство па затоа градење во висина на овој простор овозможува густината на населенито да се зголеми, но сепак да има доволно отворени јавни површини. Овој простор се наоѓа на една од главните оски на движење во градот помеѓу Градскиот Трговски Центар од едната страна и Народната Банка и Главната Железничка Станица од другата страна. За да се овозможи пешачко движење и овој простор на се најде на менталната мапа на жителите на Скопје низ неговиот централен дел предвидено е да има патека која ја пресекува локацијата и поминува низ три плоштади со тоа што движењето не би било монотоно и случајните минувачи би поминувале низ плоштади со различни активности. Со новиот урбанистички план се предвидува да се изградат 3 високи кули на северната страна од локацијата со цел тие својата сенка да ја фрлаат врз реката Вардар и да оформат убава градска силуета на кејот од реката. Првата кула е предвидено да биде деловна, средната деловна со хотел и конференциски сали, а третата кула е станбена. Јужно од главната пешачка патека има уште една деловна кула залепена за понизок објект кој претставува граница меѓу првите два плоштади. Останатите објекти на локацијата се со висина од не повеќе од 8 ката. Три објекти кои се исфрлени кон плоштадите имаат слободно приземје со што дополнително би се зголемил јавниот простор и движењето на минувачите би било поинтересно.
Формирање на нов урбанистички план за локацијата
Локацијата е предвидено да биде половина отворен простор, а изградениот да дел да биде со деловни и станбени згради и еднен објект од маалски карактер со мал културен центар и градинка. Поради близината на центарот на градот, најголемиот дел од површината која предмет на оваа теза е предвидено на биде деловен простор, но сепак дел е предвидено да биде и станбен дел за да има континуирано жители во овој дел од градот во текот на целиот ден. Така плоштадите и комерцијалните соджини не би ги користеле само вработените во своето работно време, туку и локалните жители во вечерните часови.
Предложено урбанистичко решение за локацијата
Просторот е поделен на два дела. Околу две третини е деловен и комерцијален простор додека пак источната страна на локацијата е предвидено да биде дел со објекти за домување. Овој дел претстатвува природно продолжување на објектите на Градскиот Ѕид кон реката Вардар. Една од трите високи кули е станбена кула која претставува поента на раскрсницата и го дефинира аголот на локацијата која е тема на оваа магистерска теза. Делот помеѓу кулите и реката Вардар претстатвува природно продолжување на објектите на Градскиот Ѕид кон реката Вардар. Една од трите високи кули е станбена кула која претставува поента на раскрсницата и го дефинира аголот на локацијата која е тема на оваа магистерска теза. Делот помеѓу кулите и реката Вардар е предвидено да биде мал парк. Главен прстор за социјализација на локацијата се трите новоформирани плоштади. Креирањето на трите плоштади формира артикулран отворен простор кој би имал привремени намени како манифестации, празничен базар, поп-ап маркет преку ден, концерти, претстави на отворено. Со тоа овој простор покрај тоа што би бил од интерес за жителите во станбениот дел на локација, би бил корисен и за целиот град, што е многу битно за искористување на просторите во градот и креирање на компактен град. Влезниот плоштад, комерцијалниот плоштад и фамилијарниот плоштад се три плоштади со различни намени. Со тоа што на просторот покрај деловни и комерцијални содржини има и станбени згради значи дека на овој простор постојано ќе има жители што ќе влијае и на плоштадите да имаат постојано посетители, а со тоа и целиот простор да биде самоодржлив. Превремените намени и преивремените објекти е најодржливата форма на архитектура бидеји лесно се приспособува на потребите на луѓето и овозможува континуирано користење на исти простори. И покрај тоа што половина од локацијата е отворен простор сепак со новиот урбанистички план се овозможува многу поголема густина на население на истиот. Моментално на овој простор густината е 19 жители на хектар, додека пак со новиот урбанистички план предвидено е да има 296 жители на хектар. Додека се земат во предвид и луѓето кои ќе работат тука и кои ќе престојуваат во хотелот тогаш максималната густина на населеност би била 1221 жител на хектар. Вкупната површина на локацијата е 89 932 м2 од кои 6 908 м2 припаѓаат на реката Вардар. Останатиот простор со новиот план е поделен на 13 357 м2 парк, 27 325 м2 отворени површини (плоштади), 20 460 м2 површина под објекти и 21 882 м2 сообраќајни површини (улици). Со оваа распределба 45.3 % од локацијата претставува зелени и отворени јавни површини. На целата локација не е предвидено да има паркинг за посетители поради близината на неколку катни гаражи и за да се стимулира користењето на јавниот градски превоз. За жителите во станбените гаражи и за да се стимулира користењето на јавниот градски превоз. За жителите во станбените згради на локацијата предвидено е паркинг на 3 подземни нивоа под станбените кули.
За целосен преглед на магистерскиот труд, посетете ги следните линкови:
Автор на статија: marh