Се отвара центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“
28.10.2015 • Информации
![](https://marh.mk/wp-content/uploads/2015/10/Public-room-Skopje.jpg)
Денес во новите простории на Јавна соба, се отвара центарот за дизајн и иновации со изложба на фото клуб ЕЛЕМА.
Центарот во себе ќе содржи прототип работилници, сали за состаноци, ресторан, дизајн продавница, слава рум и др. активности. Овој простор станува и новото средиште на Skopje design Week.
Интересен факт е дека овој објект е од индустриски карактер, изграден меѓу двете светски војни, а во минатото служел и како коњушница на македонската полиција. Редок пример на реупотреба на објект од ваков карактер што е за поздрав.
Марх најавува фотогалерија од истиот и специјална објава.
Не заборавајте денес, 28.10.2015 Среда, во 19.30ч.
![](https://marh.mk/wp-content/uploads/2019/05/marh-1.png)
Автор на статија: marh