Македонска опера и балет / „Биро 77 ” -1979

May 9, 2015

Фирма: Biro 77

Автори: Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер, Марјан Уршич

Година: 1979

Локација: кеј на Вардар, Скопје

Изведувач: Бетон

МОБ_МАРХ

Македонската опера и балет, изградена како дел од комплексниот проект за Културниот центар во Скопје, е дело на група словенечки архитекти од Бирото 77 (Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер, Марјан Уршич ).

Изградба на МОБ_МАРХ 1a

МОБ изградба_марх 2

stefan_Kacin_Jurij_Princes_Bogdan_Spindler_Marijan_Ursic_ Makedonski_opera_i_balet_skopje

Замислата за комплексот била обемна и во себе содржела:  театар, опера, балет, музичка академија и дел од банка. Неговата скулптурална архитектура од натур-бетон наликува на бела санта лед, која за момент е застаната на брегот на реката Вардар.

Културен центар-МОБ-ситуација МАРХ

Културен центар-МОБ-макета-МАРХ

1Complex_Cultural_Centre_Skop

Профилот на таа композиција има наклон кон реката, покрај чиј брег формира скалест отворен плоштад на културата. Инспирацијата за оваа композиција, која е пред своето време  (следејќи многу тековни реализации) многумина велат дека е најдена во сликата на Каспар Давид Фридрих (Caspar David Friedrich), насловена како „Морето од  мраз”, исто позната како и „Руинирана надеж”, создадена 1823-24 година.

Caspar_David_Friedrich_-_Das_Eismeer_-_Hamburger_Kunsthalle_-_02

фотографијата е позајмена од нет. Автор: Ravanski

Macedonian_Opera_and_Ballet_by_RAVANSKI

Овој објект во своето време влегува во топ 5 најдобри современи реализации на оперски куќи. Неговата атрактивност тек почнува да привлекува внимание. Светските архитектонски студија често се интересираат за него, додека студенти од архитектонските факултети од светот доаѓаат да го посетат. Исклучиво ендемичен по својата форма, со цврста вонвременска мисла. Предизвикува восхит, фактот,  дека скоро овој објект ќе направи половина век постоење.

Македонска опера и балет

МОБ 1979 _МАРХ

Во себе содржи репрезентативно фоаје со гардероба, голем салон  со сцена по димензии компаративна со Миланската скала, потоа мала сцена, балетски вежбални, сценографско и костимографско оделение, техничко оделение, сала за оркестар, кабинети за музичките работници, комерцијални содржини, паркинг итн.

Гледалиште на МОБпревземено од официјалната нет страна на МОБ

Ентериер МОБ 1

Ентериер МОБ 2

Смел потег на современата македонска архитектура, кој за жал остана недореализиран а веќе во поново време и деградиран.  „Сантата мраз” е поставена така да биде во контакт со водата (реката Вардар), особено се доживуваше неговата моќност одспротива, од кејот „13ти Ноември”.

MOB_MARH

Денес скоро и да не може да го забележиме поради објектите од Скопје 2014, кои не покажуваат почит кон истиот.  Партерот кој беше дел од целовитоста на архитектонската слика,  веќе не постои, а  пред него во тек е изградба на сосем нов, вон неговиот контекст.

degradiranje na parter na MOBпродолжува……

 

Автор на статија: