Хотел „Југо“ – Гевгелија / Ќосевска 1982

Локација: Ул. ’’Гевгелиски Партизански Одреди’’ – Гевгелија

Автор: Вера Ќосевска

Инвеститор: Угостителско претпријатие ’’Мeтропол’’ – Скопје

Година на проектирање: 1978

Година на изведба: 1978-1982

Извор: Завод за урбанизам на град Гевгелија

%d1%81%d0%bb%d0%b8%d0%ba%d0%b0

ГРАДЕЖНА ПРОГРАМА

“За изградба на хотел ’’B’’ категорија во Гевгелија, за потребите на угостителската работна организација ’’Мeтропол’’ – Скопје.

Во централното подрачје на град Гевгелија на аголот од Ул. ’’Гевгелиски Партизански Одреди’’ и ново проектирана улица се предвидува изградба на градски хотел ’’B’’ категорија.

del-2

Ситуација

Капацитетот на хотелот е предвиден со 90-95 лежаи и извесен број на помошни лежаи. Од вкупниот број на собите околу 30 % да се еднокреветни соби 70% двокреветни, а да се предвидат и два апартмана. Сите соби да имаат свој санитарен чвор со када, лавабо и WC. Уз хотелските соби да се предвидат соби за собарици, со одвоена вертикална комуникација (лифт и скали).

Покрај собите, хотелот да ги содржи и следниве простории:

-Надкровен простор за непосреден пристап со автомобилот до хотелскиот влез.

-Ветробран и хол со пулт за рецепција. Уз рецепција да се предвиди простор за привремено сместување на багаш на гостите, како и една просторија за дневно книговоство и дневни наплати. Рецепцијата да е добро поврзана со останатите административни простории на хотелската управа. Во рецепцијата да се предвиди и соодветен простор за продавање на разни сувенири, разгледници, штампа, цигари и др.

-Да се предвиди простор за друштвен престој на гостите со можност за гледање на телевизија. Во склоп на тој простор да се предвиди и мал аперитив и бар.

-Да се предвидат две простории за фризерско-берберски услуги на хотелските гости. Овие простории да се постават така што ќе бидат пристапни и за надворешни посетители.

-За потребите на туристичка агенција да се предвиди една просторија со две работни места и соодветен помошен простор (WC, спремање кафе и сл.) Агенцијата да е пристапна и однадвор.

%d1%81%d1%82%d0%b0%d1%80%d0%b0-%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be%d0%b3%d1%80%d0%b0%d1%84%d0%b8%d1%98%d0%b0

За управа на хотелот. Да се предвидат следниве простории:

-Соба за директор на хотелот

-Соба на сметководство и благајна

-Соба за секретар

-Соба за дактилограф

-Санитарна група

Ресторанско – кафански простории

-Капацитет на ресторанот се предвидува за 100 особи.

-Кафана со капацитет за 200 соби.

Пожелно е овие простории да се проектирани така да во одредени случаеви да претставуваат една целина (разни прослави, Нова Година и сл. ). За кафаната да се предвиди влез за надворешни гости со засебна гардероба.

-Банкет сала со капацитет за 40-45 особи.

Летна тераса за 250 особи со простор за музика и простор за игра.

Останати друшствени простории

-Ноќен бар за приближно 50-70 особи

-Диско клуб за приближно  90 особи

-Просторија за билјард со две маси за игра

-Просторија за игри на автомати.

За горните простории да се предвидат гардероби и санитарии.

Економски простории

-Кујна со капацитет за приближно 150 оброка со сите потребни простории за таков вид на кујни ( припрема на месо, риба, ладна кујна, тесто и др., како и простор за миење на садови, спремање топли напитоци, точење на алкохолни-безалкохолни пијалоци итн.).

-Офис непосредно поврзан со кујна и салите за послужување, како и со летна тераса.

-За кујнскиот и останатиот персонал да се предвиди трпезарија со приближно 10 седишта.

-Санитарна група и гардероби за кујнскиот и послужниот персонал (машки и женски)

-Перална со сите потребни помошни простории (прием на нечист веш, сортирање, перење, сушење, пеглање, крпење и издавање на чист веш).

Магацински простории

-Магацински простории за потребите на кујната (колонијални стоки, зимница, алкохоли и безалкохолни пијалоци).

-Просторија за сместување на хладњачите

-Магацин за послужен инвентар

-Магацин за крупен инвентар

Работилници

-Браварско-водоинсталатерска работилница

-Електро-тригоматична работилница

-Тишлерско-тапетарска работилница

Да се настојува овие работилници да бидат поврзани со хотелски тракт.

Продавница

Бидејќи се предвидува во хотелот во Гевгелија да борават и голем број на инострани патници, да се проектира и една помала продавница-самопослуга, во која би се продавала најбараната роба од хотелските гости.

Централно затоплување

-Котлара

-Работилница

-Соба и санитарна група за ложеачот

Скривница

Скривница ќе се проектира према условите што треба да се добијат од надлежна служба на Народна Одбрана на град Гевгелија.”

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ ЗА ХОТЕЛ ВО ГЕВГЕЛИЈА

del-2

Објектот е лоциран према урбанистичкиот план на град Гевгелија. Локацијата се наоѓа во централното градско подрачје, на крстосница од улиците ’’Гевгелиски Партизански Одреди’’ и новопроектирана улица. Хотелските тракови се наоѓаат према новопроектираната улица од каде е со проектот и урбанистичкиот план предвиден главен влез за хотелот и обезбеден паркинг простор за автомобилите на хотелските гости.

del-9-petta-fasada-so-osnova-na-lift

Петта фасада

Влез во просториите за надворешни посетители е од улица ’’Гевгелиски Партизански Одреди’’, а економско снабдување на објектот е од постоечката уличка на југо-западна страна од хотелската парцела, а поврзан со ново-проектираната улица.

Теренот е равен.

Измеѓу објектот и тротоарот од улицата ’’Гевгелиски Партизански Одреди’’ предвидена е трака со зеленило во ширина од 5m.

del-3-osnova-na-suteren

Основа на сутерен

ОБЈЕКТ:

Градскиот хотел во Гевгелија, предвиден е како хотел од ’’B’’ категорија. Со проектот се предвидени 92 стални лежаеви. Еднокреветните соби се застапени со 32%. Сите хотелски соби сместени се на катовите, од I – IV кат. Во приземјето под хотелскиот тракт сместена е влезна партија, хол и рецепција. Покрај рецепција предвидена е и просторија за привремено чување на багажот од надвор. Предвидена е и просторија за дневен пазар, а остварена е директна интерна врска за персоналот што работи во рецепцијата, со останатите управни простории на хотелот.

del-4-osnova-na-prizemje

Основа на приземје

Капацитетот за рестораснко-кафанските услуги по програмата е нешто поголем него што би било по норматив потребно само за хотелскиот капацитет, но тоа барање е наполно исправено пошто е овој објект всушност градски хотел, во кој покрај пролазни хотелски гости ке има секако и градски посетители. Затоа е предвидена и посебна влезна партија за надворешни посетители и интерна врска за хотелските гости. Всушност за хотелските гости обезбедена е интерна врска со сите простории што се предвидуваат, односно ресторан, кафана, банкет сала, ноќен бар, диско клуб, играње билјард и слично, додека за надворешни посетители се предвидуваат засебни влезни партии.

del-5-osnova-na-i-kat

Основа на 1 кат

За лесно послужување на гостите сите сали, односно ресторанот, кафаната и банкет сала, како и летната тераса, поврзани се со главна кујна преку простран офис. Барот, диско клубот и останатите друштвени простории сместени во сутеренскиот дел од објектот, поврзани се со главната кујна преку лифт сместен во прирачната кујна.

Обезбедено е наполно несметано снабдување на економските простории на хотелот, како однадвор така и преку интерната врска до хотелските трактови.

del-6-osnova-na-ii-kat

Основа на 2 кат

Засебни влезни партии предвидени се на целиот хотелски персонал, односно свој влез со соодветни санитарно-гардеробни простории се предвидени за кухинско-послужен персонал и засебни за персоналот што работи во сутеренските простории.

del-7-osnova-na-iii-kat

Основа на 3 кат

del-8-osnova-na-iv-kat

Основа на 4 кат

КОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ

Објектот е проектиран во скелетен конструктивен систем. Хотелските трактови проектирани се во модуларни распони од 3,60 m, а ресторанот и кафаната со модуларен распон од 6,00 m.

presek-9

Меѓукатни конструкции предвидени се равни армирано бетонски плочи. Кровните носачи се предвидени од челични решетки.

presek-10

presek-13

Примена на материјали

Објектот е проектиран во скелетен конструктивен систем со испуна од класични материјали (тула и сл.), према одбраниот конструктивен систем дава и други можности. Но имајќи ги во предвид локалните прилики, одлучено е заедно со инвеститорот да се примени ѕидање на ѕидови од тула.

За задоволување на бараната звучна изолација помеѓу катовите, над армирано бетонските плочи ќе се постават пливачки подови.

del-10-presek-i-i

Од материјалите за внатрешна обработка се предвидува примена на: таписони, керамички плочи, мермер, ламперии и слични вообичаени материјали.

Изгледи:

del-11-fasada-prema-ul-gevge

del-12-vlezna-fasada

del-13-jugoistocna-fasada

Од материјалите за надворешна обработка исто ќе бидат применети воглавном вообичаени материјали и фасадни премази. Единствено надворешни страни на кровните косини, кои делумно слегнуваат и на вертикалните фасадни површини се предвидени како елементи од пластични материјали, производ на ’’Термик’’ од Љубљана. Внатрешните кровни косини се од салонит. И елементите за делумно покривање на поедини партии од летната тераса, предвидени се од истиот пластичен материјал. Армиран полиестер.

%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%ba%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0

ДЕНЕШНА СОСТОЈБА

Хотелот ,,Југо’’ денеска го носи името ,,АПОЛОНИЈА’. Целосно е реконструиран и беспрекорно функционира, како што функционирал и некогаш.

Интересен е фактот што во самиот хотел е изградено и првото казино во градот познат по истата содржина.

Текстот е цитиран

 

Материјалот го приложија и обработија: Александра Јовиќ и Антонио Грујевски