Александар Смилевски / 1939 –

Извор: „25 години награда за животно дело – Андреја Дамјанов“

Фото: сопствена архива, Порта 3, Google maps street view

Александар Смилевски,  роден во Скопје на 17.05.1939 год. Димпломирал на Техничкиот факултет – архитектонски отсек при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Фото: Ангел Ситновски / Порта 3

Се вработува во РГО „Бетон“ – Институт за студии и проектирање. Припаѓа на генерацијата архитекти кои се вклучија во обновата  и изградбата на Скопје после катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Меѓу неговите најрани остварувања е реализацијата на проектот за станбенит Кули тип „Б“ како дел од урбанистичко-архитектонската целина „Градски Ѕид“ кој беше селектиран на конкурсот во 1966 година.

Во 1984 година оди во Багдад, Ирак каде изработува проект “946“ за индустриски комплекс. Во 1987 година е назначен за главен инжинер за развбој и истражување во РЗ заеднички служби на РГО „Бетон“ – Скопје. Во 1988 година е избран за директот на Институтот за студии и проектирање на на РГО „Бетон“ – Скопје. Од 1991 до 1944 год. преминува во „Техометал- Вардар“ во дирекција за реализација на проектот за изградба на станбени комплекси во Запорожје, Украина.

Во 1994 година се вработува во ДОО „Астрекс“ – Скопје и престојува во Русија како стручен координатор при изведба на бензиски пумпи и управна зграда на „Југанс -нафтегас“ во ОМСК, западен Сибир, Русија. Од 1997-2000 година во „Македонијапроект“ ја врши функцијата помошник директор за координација на процесот на проектирање. Од 2000-20004 година работи како самостоен проектант во ДОО„Галик инженеринг“ – Скопје.

Награди и признанија:

  • Специјална награда на првото Биенале на македонската архитектура за Спомен дом на култура во Битола;
  • Орден на трудот со сребрен венец за постигнати резултати во градежништвото.

Позначајни реализирани дела:

 

 

  • 1968 Гимназија „Орце Николов“ во Скопје ( со арх. Никола Богачев)

 

 

  • 1973 Станбени кули П+12 на ул. „Партизанска“ – Битола
  • 1974 Станбени блокови П+7 „Аеродром“  Скопје
  • 1975 Хотел за самци во Скопје

 

 

 

  • 1976 Станбени кули П +М+16 Карпош IV Скопје
  • 1977 Станбени кули П+10-12 „Железара“ Скопје

 

  • 1978 Детска градинка „Астибо“ Штип

 

 

  • 1979 Станбена кула П+10 со деловен анекс во Прилеп,

 

 

 

 

  • Станбени кули П+10-12 „Атпазар“ Битола, Надзорно-управна зграда на ХМС „Стрежево“ – Битола

 

 

  • 1977-78 Градски реон „Аеродром“ Скопје, Станбена единка на соседство А1-3 со 890 стана
  • 1980 Хотел висока „Б“ категорија „Високи Дечани“ во Дечани, Косово; Градски реон „Ново Лисиче“ – Скопје, единска на соседство А3-4 со 900 стана
  • 1980 Станбен блок П+7-Б13 и станбена кула,  П+11-15 населба „Капиштец“ – Скопје