Најавена летната школа на АФС за 2018

May 28, 2018

Извори: Архитектонски факултет Скопје

„Овогодинешната Летна школа ве кани да развиете нов приод кон архитектонското размислување. Централната тема на нашето експериментално истражување ќе биде играта. Материјалната (не дигитална) игра е социјален настан како и организациски модел. Таа истовремено ги предизвикува и заедницата и поединецот. Таа ги изострува нашите чувства и способности, во социјални како и во практични услови. Од овие причини играта е замислена во различни академски полиња, како урбани, социолошки и економски студии.
Заинтересирани сме за комплексната структура на играта, правилата, елементите, полето за игра, стратегијата и елементот на случајност.
Селото Лазарополе, каде што ќе се одржи 27-та Летна школа, ќе биде нашата почетна точка. Населбата била изградена на планински терен, врз економска база на овчарство и обработка на волна во блиската текстилната фабрика. Впечатливо е дека сите куќи за живеење се со слична големина и се градени со слични материјали и техники, а сепак ниедна не е идентична со другите. Има доволно отстапки во секој проект за да му даде единствена позиција, релација и израз. Денес селото е напуштено во зимскиот период и се користи како место за одмор за време на летото.


Летната школа ќе се развива низ различни фази како што се експерименти во 1:1 со користење на вернакуларни техники, процесно-ориентирана анализа на постојната архитектонска состојба во населбата, водејќи кон игрива шпекулација за идниот развој на ова место, како тој може да се оствари – и оттука кои нови видови конструктивни методи и архитектонски форми може да произлезат од него.“

>>>

 

Автор на статија:

| / / / |