Втор меѓународен конгрес ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА – ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

October 4, 2018

Ве информираме дека од 05-07 октомври 2018година ќе се одржи Вториот меѓународен  конгрес ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА – ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ во Југословенската кинотека, со цел проширување  и афирмација на една од најзначајните теми на современата архитектура – одржливост и енергетска ефикасност.

Организатори на Конгресот се списанието за еко архитектура и култура “ Еко куќа“, здружението “Екокултплус“ и Архитектонскиот факултет од Белград во соработка со Архитектонскиот факултет од Подгорица и Загреб.

Водејќи се од идејата дека денес и во иднина секое архитектонско урбанистичко решение и дело мора да биде одржливо во сите сегменти, во процесот на проектирање и планирање, како и понатаму во фазата на реализација и експлоатација на објектот, организаторите на едно место ги спојуваат заедно архитектите и експертите за одржлива и еколошка енергетска ефикасност и соларни можности во архитектурата.

Конгресот  низ сите сегменти ќе опфати значајни теми со фокус на одржливиот, еколошки и енергетски ефикасен пристап  во архитектурата, соврмените технологии на градеење, прозиводи, матријали и опрема.

Низ предавања и изложби на своите проекти, 10 еминентни архитекти, експерти во овие области од 10 земји од светот, преку уметнички, авторски и научен пристап ќе ги пренесат своите искуства и знаења и ќе прикажат последни проекти од архитекти, урбанисти, проектанти, инженери од различни области, како и студенти од соодветните факултети:

  • Benjamin Krick– Passive House Institute Германија
  • Alexandros Vaitsos  , DECA Architecture – Грција
  • Karen McEvoy  Bucholz McEvoy Architects– Ирска
  • Sinus Lynge, Effekt Данска
  • Robert Konieczny, KWK Promes, Полска
  • Adital Ela, Criaterra Earth Technologies, Израел
  • Marco Casagrande, Casagrande Laboratory, Финска
  • Milan Tomac, Enota, Словенија
  • Davor Mateković, Proarh, Хрватска
  • Jovan Mitrović, LFG, Србија

Овој голем настан со придружната програма претставува придонес за промоција на одржлива и енергетски ефикасна архитектура, кои се и клучните зборови на овој конгрес и претставува патоказ кон креативни и зелените технологии, создавање на нови визии за иднината.

Официјалниот сајт на конгресот е   www.congress-saee.com   каде може да најдете детални информации за програмата и учесниците. На следниот линк можете да јго проследите филм снимен на минатогодишниот конгрес https://www.youtube.com/watch?v=PkCx4p-amWA

Автор на статија: