• February 9, 2018
  • noemi

Урбана винарија – Карпош, Скопје / Николовски, Ајруш

СТУДИО 7/3

Автори: Урош Николоски, Филис Ајруш

Педагошки тим: проф. д-р Александар Радевски / доц. д-р Горан Мицковски / доц. д-р Димитар Папастеревски / дем. м-р Виолета Ѓорѓевска / дем. м-р Димитар Крстевски

Проектна задача: Урбана винарија

Локација: Карпош, Скопје – бул. „Илинден“ – Паркови и Зеленило

Семестар: VII

Година: 2018

Како дел од Индустриското Студио 7/3, при Архитектонскиот Факултет во Скопје, ви го презентираме проектот на студентите Николоски и Ајруш.

Сл, 1. Фотографија од макета

Сл, 2. Ситуација на локација, булевар „Илинден“

Долгиот булевар „Илинден“ во оваа зона се карактеризира со една изградена страна и една неизградена страна. 

Континуитетот на правецот, хоризонталата, продолжува и во самиот објект кој со својата линиска структура разграничува патека која се протега во меѓу-зоната на двата тракта на објектот. Истовремено овозможувајќи визури кон околината, но и кон внатрешноста на објектот. 

Сл, 3. Пресек низ објектот

Сл, 4. Основа на приземје

Сл, 5. Анализа – генеза на форма

Со кулата – склуптура во просторотот, се прави отстапка на хоризоналата со една вертикала која го надополнува објектот, но воено и претставува landmark на местотот. 

Хоризонталата и вертикалата се доминантни фактори во обликувањето на винаријата со тоа што претставуваат и архетип на индустриската архитектура – хоризонтала (индустриската хала) и вертикала (оџакот).

 

Сл, 6. Визуализација – екстериер

Сл, 7. Анализа – архетип

Сл, 8. Аксонометрија

Објектот претставува потег со минималистички карактер кој сепак останува достоен на индустриската естетика, преку искреноста кон конструкцијата – видлива челична конструкција која е расчленета со фасадната обработка од керамички блокови, како и целосно застакленото приземје  кое придонесува кон самото осветлување во винаријата и дава ефект на фасада која „лебди“.

Сл, 9, Детал – пресек, од фасада од кермички блокови

Сл, 10. Детал – во основа, од фасада со керамички блокови

Со продавниците, ресторанот, барот и плоштадите околу винаријата, се додаваат урбани содржини во рамките на објектот со индустриски карактер.

Од студентите

Сл, 11, Визуализација – трем

Сл, 12. Визуализација – ентериер

Сл, 13. Фотографија од макета

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис