Славко Брезоски / 1922-2017
07.03.2017 • Автори
Славко Брезоски, роден во с. Галичник на 10.06.1922 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет при Техничката висока школа во Белград во 1950 година. По дипломирањето се вработил во Проектантското претпријатие за Македонија „Проектант“ каде што останал до 1961 година.
Од 1961 до 1963 год. работел во проектантското биро на градежното претпријатие „Пелагонија“ во Скопје, а од 1963 – 1966 година во проектантската организација „Македонија проект“.
Во 1969 година е избран за вонреден професор на Катедрата за проектирање на општествени згради на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Како редовен професор на Архитектонскиот факултет го завршил својот работен стаж во 1987 година. Бил декан на Архитектонскиот факултет во учебната 1979/80 година.
Награди и признанија:
-1963 год. „11 Октомври“, републичка награда од областа на културата и уметноста;
-1964 год. „13 Ноември“, награда на Град Скопје;
-1993 год. „Андреја Дамјанов“, награда за животно дело на Асоцијацијата на архитекти на Македонија
Позначајни реализирани дела:
@Ф.К
-1953 год. Станбен блок ( П+4) во Велес,
-1954 год. Станбен блок на аголот на бул.„Св. Климент Охридски“ и ул. „Орце Николов“ во Скопје,
-1955 год. Станбен блок „Хармоника“ (П+5) во Скопје, Комунална банка(П+5) во Скопје,
@ Declampe.net
-1956 год. Станбените кули во населба Црниче во Скопје, Станбениот блок на ул.„Ѓуро Салај“ Скопје
-1958 год. Станбената зграда на ПТТ на бул.„Св. Климент Охридски“ во Скопје, Средно балетско училиште во Скопје, работничкиот дом ( П+3) во Скопје, Фестивалска сала под Кале во Скопје (со арх. Љ Маленкова)
-1959 год. Спортската сала во спортскиот центар „Црниче“ во Скопје, Стоковна куќа „Нама“ во Скопје,
-1960 год. Станбена зграда на ул.“558’ во Скопје, Станбениот блок во Тетово, Објектот на “Југобанка“ во Скопје
-1964 год. Хотелот „Попова Шапка“ на Попова Шапка, Станбените блокови во Струмица и Свети Николе,
-1970 год.Соборната православна црква „Св. Климент Охридски“ во Скопје,
-1972 год. Стоковната куќа „Меркур -импорт“ во Делчево,
-1975 год. Стоковната куќа „Меркур -импорт“ во Пробиштип.
Извор: 25 години Награда за животно дело „Андреја Дамјанов“ – ААМ
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski