Спомен Дом на Разловечкото Востание – с.Разловци, Делчево / Георги Константиновски 1981

автор : Георги Константиновски

тип:  Општествен објект

година на изведба: 1981 год.

5

Спомен домот во Разловци е дело на истакнатиот македонски архитект Георги Константиновски кој со своите реализации ја збогатува македонската архива на архитектонски ремек дела. Тогашниот македонски претставник за Борбината награда во 1981год. ја воодушевил петчлената комисија која при прогласување на победникот во своето образложение нагласува: „Спомен Домот во Разловци внесува нова содржина во старата селска населба и на извесен начин претставува продолжување на умеењето на анонимниот градител. Објектот е мисловно прочистен, материјалите се сведени на својот основен израз.“

4

По повеќе од 30 години повторно се навраќаме на овој споменик кој е безвременски и генијален во својата замисла но за жал заборавен и поприлично запуштен. На иницијатива на Министерството за култура на РМ а во соработка со Националниот Конзервативен Центар покрената е идејата за враќање на сјајот на овој симбол на модерната архитектура во Македонија а во самиот процес е вклучен и авторот Георги Константиновски кој за својот проект вели:

„При посетата на локацијата силен впечаток ми остави архитектурата на старите куќи во селото. Забележав дека тие се одликуваа, речиси без исклучок, со четириводни покриви и прилепен оџак на една од фасадите. Тоа беше основната инспирација да ги применам овие два елементи во мојот проект.“

2

Авторот уште додава и дека заради квадратната основа било тешко да се внесе природната светлина во објектот што тој го решава со дијагонално засекување на дел од објекот, гест со кој освен сонцето во објектот ги внесува и непосредните видици од внатрешните содржини.

01.Situacija

 

Ситуација

 

02. Osnova prizemje

 

Основа на приземје

 

03. Osnova kat

 

Основа на кат

 

08. Presek A-A

 

Пресек А-А

 

fasadi razlovci

 

Изгледи

3

Симболиката на Спомен Домот на Разловечкото Востание е силно изразена во објектот за што проф.Константиновски ќе каже: „Мотивот во мојот проектантски порив за Спомен Домот во Разловци беше токму во можноста да преку стилот на брутализмот на симболичен начин го изразам високото чувство за патриотизам на македонскиот народ кој беше спремен да ги положи своите животи за ослободувањето од туѓото ропство. Ова е решено не само преку експресионизмот на објектот туку и преку колоритот во кој преовладува црвената боја-пролеаната крв во името на слободата, како и белата во централниот дел на објектот како симбол на светлата иднина. Сето ова во духот на експресионизмот остава длабоки траги на психата на посетителот.“

Во прилог од личната архива на проф. Константиновски, извадоци од печатените медиуми:

od vesnicite za objektot razlovecko vostanie

 

od vesnicite za objektot razlovecko vostanie 2

od vesnicite za objektot razlovecko vostanie 3

 

Моменталната состојба на објектот /во тек е изработка на проект за ревитализација /

???????????????????????????????

???????????????????????????????

 

???????????????????????????????

 

6

Материјалот го приложи и обработи: Елена Петровска

 

 

 

Автор на статија: