Шалтер сала на ПТТ / Јанко Константинов 1973
23.06.2015 • ХХ век / II половина

Автор: Јанко Константинов
Главен соработник: Душанка Балабановска
Соработници: Ленка Јанева, Костадинка Пемова, Мимора Капсарова
Инвеститор: ПТТ Скопје
Година на проектирање: 1973
Година на изведување: 1979-81
Изведувач: Пелагонија
Извор: Бимас
Фотографии: позајмени од македонски и странски блогови и лични архиви
„Во развојот на културата на една земја, архитектурата игра една од главните улоги. Таа секојдневно им покажува на граѓаните на еден народ или на посетителите од страна, за неговиот дух и величина. Сепак, се што се гради не е архитектура, т.е уметничко остварување кое останува за долг период да му се возхитуваат генерациите кои доаѓаат.
Кога ги започнавме првите скици за шалтер салата, тргнавме од горната претпоставка: во центарот на Скопје да оствариме едно уметничко дело- архитектура-скуплтура, кое ќе биде драгоцен објект во ентериерот на градот, а воедно за граѓаните посетители. Шалтер салата да претставува едно специјално доживување на внатрешниот обликовен простор.
Добрите дела во светот на архитектурата, секој пат имале свои антисофистицирани критичари, но тие со времето се менувале.
Шалтер салата на ПТТ денес, исто има свои критичари, но времето е единствениот правилен критичар кој неопходно ги елиминира моменталните моди и лажни вредности, за да и даде почит на вистинската уметност, која останува како драгоцено благо во културната татковина на еден народ”
@Утрински Весник

Автор на статија: marh