Одморалиште на феријалниот сојуз / фотогалерија /

Локација: ул. “Васил Стефоски“ бб, Охрид

Автор: Борис Чипан

Година: 1954

Фото : Иво Лазароски и Стефан Жупан

Преку денешната фотогалерија обрнуваме внимание на Охридската угостителска архитектура од крајот на минатиот век. Објектот кој го разгледуваме е дело на реномираниот архитект и професор Борис Чипан.

Локацијата на одмаралиштето е во населбата Воска,  на самиот брег на Охридското езеро, каде во истиот потег поставени се повеќе одмаралишта: Одмаралиште „Магнус“, Одмаралиштето на феријалниот сојуз и одмаралиште „Партизан“.

Во архитектонскиот израз јасно е повикувањето на каноничната „Вила Савој“ на Корбизје.

Колаж – паралела каде се посочува на пропорциска сличност меѓу Вила Савој на Корбизје и Одморалиштето на Чипан.

 

Одмаралиштето се наоѓа во повеќе од незавидна состојба. Иако во минатото претставувало едно од најпознатите одмаралишта на охридската ривиера, објектот е напуштен низа на години без перспектива за негово обновување или пренамена.

Граѓаните на населбата Воска и Далјан сеуште го памтат овој простор како еден од најубавите простори за рекреација во минатото, но нажалост нивните поплаки за враќањето на сјајот на овој простор сеуште не се чуени. Овој тип на објекти говорат за сјајното минато на Охрид кој во втората половина на XX век бил бисер на македонскиот туризам.

Овој објект е недоволно документиран  така што оваа објава е отворен повик за соработка со ентузијасти кои имаат информации за истиот.

Колаж – Моменталната руинираност во која се наоѓа одмаралиштето наспроти сјајот на неговата првична состојба.