Анкета на МАРХ за функцијата градоначалник

Од осамостојувањето на Р. Македонија до денес,  архитектурата и урбанизмот како сфери од општеството константно се деградираат од страна на политичките партии. Се создаде чувство дека локалната власт е само  уште една алатка за владеење, каде професионалците и науката немаат моќ ниту инструменти да влијаат по значајните прашања.

Се носат урбанистички планови, промени на истите, уништување на зеленилото без стратегии, не постојат сериозни меѓународни конкурси ниту симпозиуми, дебати, референдуми, стандарди.

02 10000 NAMENA PDF

Тоа како општество го поседувавме до 90тите години на минатиот век, но од тогаш до денес успеавме да го уништиме континуитетот  со тридецениската обнова  на Скопје, а со тоа и бришење на градот од мапата на светски и современи случувања. Изгубивме чувство како се создава град, на основа на толеранцијата за индивидални и себични интереси и проекти.

Локалната власт е директен менаџер на деурбанизацијата, т.е рурализацијата на градовите преку неразбирливите доградби на колективната станбена архитектура, потоа немањето интерес за целосната слика и меѓусебната поврзаност на општините во ликот на градот итн.

20150520_114451-770x462

Затоа не интересира какво е вашето мислење за функцијата градоначалник, дали треба да се дозволи градот да биде воден од било кој, со било какво образование и без познавање на историјата на просторот и суштината на градското ткиво?  Доколку интервенциите и менаџирањето на проектите се директно поврзани со професиите архитектура, урбанизам, градежништво во доминантен дел, како е возможно градските татковци да немаат стручно познавање од овие сфери или задолжителен совет од стручни лица кои јавно ќе бидат познати?

Анкетата е достапна на следниот линк и нема да ви одземе повеќе од половина минута да ја пополните. Навистина ни значи да го отвориме ова прашање во македонската јавност и за истото се надеваме дека ќе ни помогнете.

Ви благодариме на одвоеното време,

Секому добро!

МАРХ


Резултати од анкетата >>>

Автор на статија: