„Архитектурата како фактор на културна одржливост на мак. градови”
30.04.2015 • Изложби Информации

Изложбата „Архитектурата како фактор на културна одржливост на македонските градови”, по повод промоцијата на истоимената книга, го претставува научно-истражувачкиот проект изработен на Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во соработка со Архитектонски факултет, Универзитет во Загреб. Проектот ја третира важноста на архитектурата како културна дисциплина за одржливиот развој на македонските градови, преку мерките и методите на консолидирање на реката Драгор со урбаното ткиво на градот Битола, според принципите на еколошкиот урбанизам.
Промоцијата и отворањето на изложбата ќе се одржат во галерија „Магаза” во Битола, на 30 април 2015 година, во 19.00 часот, а изложбата ќе биде отворена до 8 мај 2015 година.
Издавач на книгата е Архитектонскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Фотографии од изложбата / извор: Архитектонски факултет- Скопје/

Автор на статија: marh