„Барајќи го невозможното” / изложба на Никола Узуновски
19.01.2016 • Изложби
Извор: www.facebook.com/seriousinterestsagency
На 15 декември 2015 година, во галеријата СИА во Скопје, беше отворена изложбата „Барајќи го невозможното” на Никола Узуновски.
Авторот ја презентира својата 10 годишна истражувачка работа и обидот да го реализира својот досега најамбициозен проект „Мое сонце” (My Sunshine, 2005-ongoing), како резултат на обемни истражувања.
Проектот почнува во неговата резиденција во Финска и директното искуство на суровите услови во Арктичкиот поларен круг. Проектот е презентиран и на Венециското биенале во 2009 година.
За што станува збор можете да погледнете низ фотогалеријата од отворањето (превземена од СИА), но би препорачале да ја видите и во живо, поставката трае уште денес и утре.
Автор на статија: marh