Борис ЧИПАН / ПО ТРАГИТЕ НА ЕДЕН МОДЕРНИСТ
28.03.2017 • Изложби
Концептот на изложбата има интенција да ја проследи и презентира професионалната и животната патека на архитектот Борис Чипан (27 март 1918 – 31 март 2012), со која зазема едно од најзначајните места во историјата на македонската современа архитектура, како творец кој подеднакво суверено се реализираше во областа на архитектонското проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика.
Користените материјали се дел од неговата професионална оставина, донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје, сублимирана во „Збирка на архитект Борис Чипан“. Збирката содржи над петстотини предмети, меѓу кои: оригинални проекти, цртежи, скици, студии, ракописи, белешки, фотографии, исечоци од весници, дигитални записи, награди, плакети, книги и други предмети кои Борис Чипан педантно ги собирал и чувал, а кои се сведоштво на неговото долгогодишно, богато професионално делување.
Извор: ААМ
Автор на статија: marh
Борис Чипан / Изложба / Музеј на Град Скопје / По трагите на еден модернист