Ботаничка градина/ Иваноска и Атанасоска
22.06.2016 • Студентски проекти
Локација: Кеј на Вардар
Автори /Студенти: Ана Иваноска, Јулија Атанасоска
Година: 2016
Ментори: проф. др. Александар Радевски, асс. др. Горан Мицковски, доц.др. Димитар Папастеревски, дем. м-р. Виолета Ѓорѓевска, дем. м-р. Марио Баткоски.
Локацијата се наоѓа на кеј на Вардар, веднаш до спортскиот центар Борис Трајковски. Станува збор за пространа парцела од 5,8 ha на која што треба да се испроектира Ботаничка градина со дополнителни, атрактивни содржини кои што би ги привлекувале посетителите.
Идејата за формата на објектот е добиена од самата локација, која што е разгледувана како отсечок од кружница со даден радиус. Со нејзино понатамошно модифицирање е дефинирана крајната форма, која што има органска природа што најдобро соодветствува со програмата на проектот.
Четирите објекти се нанжани симетрично и наизменично на една аксијална патека, потег кој што всушност ја асоцира реката. Патеката овозможува јасна ориентација во локацијата, а додека околината т.е. партерот е достапен за сите. Четирите објекти постепено ја зголемуваат својата димензија како во вертикала така и во хоризонтала, во зависност од содржината.
Двата објекти со поголемите димензии се наменети за ботаничката градина : Тропски БИОМ и Медитерански БИОМ, во кои што успева флора и фауна во зависност од нивната температура. Во останатите два објекти се сместени административните содржини и атрактивните содржини како: едукација, изложба, ресторан, кафетерија.
Конструкцијата на објектот е таа која што ја диктира неговата органска форма. Всушност и таа е главниот акцент. Станува збор за главен, челичен носач со моделиран напречен пресек и секундарна носива конструкција од челични лачни носачи во двата правци.
Објектот покрај својата естетска вредност има и практична функција: енергетски ефикасен. Тоа е постигнато преку обвивката, која што е изведена од воздушни перничиња кои што работа на притисок од 220Pa. Станува збор за ETFE систем.
Автор на статија: marh