„Буњаковец“ / Деловски со соработниците
24.06.2017 • ХХ век / II половина
Трговско – деловен објект „Буњаковец“
Локација: Скопје, бул.„Партизански Одреди“
Автор: Бранко Деловски
Соработници: Цвета Попова, Лилјана Груевска, Снежана Јовчевска
Консултант и поддршка: Мимоза Капсарова
Година на проектирање: 1991
Година на изведување: 1991-93
Извор: Бимас ’93
Главниот проект за Трговско деловниот објект„Буњаковец“ е изработен врз основа на усвоеното конкурсно идејно решение за т.н комплекс-пазар „Буњаковец“. Трговско – деловниот објект е само дел од комплексот изграден во првата фаза. Објектот со урбанистичките услови е дефиниран како трговско деловен објект од П+2 ката. Нашите познати чардаци и широко застаклени еркерни одаи се основниот архитектонски израз.
Основа на приземје
При самото проектирање, јас овој трговско деловен објект го разбрав како манастирски конак во кој ќе пропапарадираат безброј луѓе и за секого да има некакво катче за оддишка. Архитектот е секогаш најсреќен ако подлабоко допре до човековата душа – впрочем се што градиме – градиме за човекот.
Со своите мирни и пространи тремои и чардаци, карактеристично зза овој објект, се создава ретка живописна слика, а со тоа и заштита на минувачот.
Проектна организација: ГП „Бетон“ А.Д. – Скопје во мешовита сопственост ц.о Р.Е Институт за студии и проектирање
Инвеститори: ГП. „Бетон“ А.Д. Скопје и ПУИНГ „Скопје“- Скопје
Изведувач: ГП „Бетон“ А. Д. Скопје
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski