Фотографии од Велес-втора половина на XIX , XX век и ……

„Фотографии од Велес – втора половина на XIX век, XX век  и денешната состојба на наследството”

Извор на фотографии:  македонски блог портали

Период: од 1863 до 1980

Кога ги набљудуваме старите фотографии од македонските градови се соочуваме со повеќе прашања, каде исчезнало тоа градителско наследство, зошто ништо од тоа бар парцијално не егзистира?! Македонските градови имале особено претпознатливи панорами и допадлива традиционална архитектура. Развојот на општеството никогаш не треба да се успори и оневозможи, но свеста за себе се одржува со живата архива-жива архитектура, секако не со фотографии.  По ослободувањето (по 1945 год.) градовите се усмерија кон модерната и постмодерната, што секако не е грешка, меѓутоа во тоа име свесно се уништуваа старите градски јадра.  Дали новите градови, новите интервенции требаше да се постават во сржта на наследството е само тема на полемизирање од денешен аспект. Дали можеше паралелно да се заштитат поголеми градски целини, подрачја и притоа државата да инвестира во нивната ревитализација или едноставно се немало средства за истото да биде иницирано. Немањето на жива архитектура, особено непоседување на урбанистички целини во кои лесно се перцепира и учи архитектурата од минатото, соодносот, пропорците, урбанизмот, социјалниот аспект итн. придонесува во денешницата да успеат проекти како Ск 2014 и  македонско село, притоа создавајќи чувство кај пошироката маса на автентично доживување.

Велес исклучително интересен, по својата поставеност на Вардар, терасесто положен со близок однос кон реката. Визури кои асоцираат на “македонска Фиренца”,  визури кои имаат фер однос со просторот. Денес сеуште позициониран и терасесто расположен, но доколку се сконцентрирате на архитектурата, ќе добиете чувство на бразилска фавела. Архитектура без фасада, со конструктивни импровизации, што укажува на начинот како општините го дозволуваат деградирањето. Не поседување на правила (сем висински), не поседување на чувство за просторот со загрижувачка инфраструктура. Сепак по 70тите, се појавија и исклучително интересни реализации долж реката Вардар, потенцијал што скоро беше препознаен и од Архитектонскиот фкаултет во Скопје, каде студентите работеа на истиот потег. Некои од студентските проекти беа презентирани на нашата страна.

Апелираме на заштита на она „малкуто” останато низ македонските градови,  да се заштити и зачува како градителско наследство.

Veles_marh 19

 

veles naslovna

Veles_marh 6

Veles_marh 3

Veles_marh 8

Veles_marh 18

Veles_marh 9

Veles_marh 4

Veles_marh 17

Veles_marh 11

Veles_marh 13

Veles_marh 10

Автор на статија: