Вечерва – предавање на МАРОЈЕ МРДУЉАШ, во склоп на БИМАС ’16

20.05.2016 во 20ч,

ПРЕДАВАЊЕ на Архитектонски факултет, Скопје.

 со значајниот гостин од Хрватска

МАРОЈЕ МРДУЉАШ,

уредник на влијателното хрватско списание за архитектура “Oris”, ќе говори на тема Модернизација, отворени системи, трансформации”, осврнувајќи се на модерната архитектура во Загреб од 50 -70–те години.

 Од средината на 1950-тите до средината на 1970-тите години на просторите на бивша Југославија тече интензивен процес на модернизација кој вклучува и бројни реформи во сите општествени сфери. Образованието и здравството се еден од логичните фокуси на тие реформски движења и градењето нови форми на институции кои имаат нагласено еманципациска улога. Архитектурата ги следи тие движења и настојува да обезбеди просторна рамка која ќе кореспондира со реформските амбиции. Следејќи ги интернационалните тенденции и дискусиите за отворени системи како и во непосреден или имплицитен контакт со холандското крило на Team X, загрепските архитекти испитуваат нови типолошки модели. Предавањето ќе прикаже неколку студии на случај на архитектонски експерименти кои отстапувале од конвенциите на еднозначна функционалност и сметале на капацитетите на архитектурата за долгорочни промени или разновидни просторни интерпретации. Промените на општествените состојби доведоа до различни судбини и денешни статуси на таа архитектура, која и понатаму ја покажува виталноста на прогресивните модернистички идеи.

Извор: AAM

Фото/насловна: Original

Автор на статија: