Вовед во конзервација на културно наследство / Бернард Фелден

Архитектонското наследство е најобемниот просторен компонент  од културните добра (изоставувајќи го природното наследство). По својата површина, димензија, удел во секојдневната силуета на градовите, но и тековната функционалност на дел од наследството се издвојува од другите. Истото учествува како битен дел од заштитата на уметничкото, археолошкото, етнолошкото но и сите останати наследства, кои во крајна линија треба да се сместени во објект кој е повторно архитектура.

 

6

За да разбереме во каква функција е општо архитектурата, покрај сопствениот квалитет, треба да се запознаеме со условите кои се потребни за другите видови наследства како не би наштетиле на истите. Кога реставрираме средновековна црква,  битно е да знаеме како нејзината фасада, конструкција и кров, влијае на фрескоживописот како дел од фрескосликарското наследство. Тоа често резултира со нивно уништување поради внес на нови материјали, кои имаат друга природа од онаа која им е потребна на природните минерали ( контантно дишење на просторот) и сл.

насловна страна:

1

Дел од воведниот говор и шема на дејноста:

3

Доколку сакаме базично да се запознаеме со конзервацијата на културното наследство, тогаш треба да го споменеме ова четиво. Автор на истото е Бернард Фелден, додека преводот на македонски го прави Славица Трајковска Целата екипа можете да ја проследите во продолжение:

2

Стратегијата за заштита на културното наследство треба да започне од почетокот на планирањето, т.е уште во урбанизмот.  За сите сегменти на различните пристапи во конзервацијата, авторот се потрудил да даде основно четиво.

Извадоци:

4

5

Покрај приложените извадоци поврзани со нашата дејност, тука се опфатени сите други гледишта и пристапи од аспект на методологија, правење стратегија, пристап кон материјалите, заштита и презентација, конекции и комуникација помеѓу професиите – нешто што најмногу недостасува во Македонија.

На крајот од ова издание приложени се и фотографии од движно и недвижно македонско наследство со фото-компарација пред и после конзервација.

Ф.К

Автор на статија: