Во Струмица уништен муралот „Пролетна игра“ на проф. Иван Велков

Македонија изгуби уште едно ремек дело од поствоениот период во доменот на сликарството. Станува збор за рушење на дел од Работничкиот универзитет во Струмица, со што покрај архитектонското девалвирање на објектот, се сруши и ѕидот со капиталното дело на веќе покојниот Иван Велков, муралот „Пролетна игра“, насликан 1962 год. во техника темпера на ѕид.

Proletna igra_Ivan Velkov_1962

Делото било успешно реставрирано до страна на самиот автор во 2000 година, и го красеше ѕидот на салата во оваа институција се до пред некој ден. Делото беше од непроценливо значење за модерното сликарско наследство од македонскиот кубизам.

1

Вчера беше забележана реакцијата на социјалните мрежи, на повеќе сликари и автори од Струмичко и републиката. Сите се изненадени од овој бизнис-потег на општината во Струмица, за кој се исечени и сите дрва во паркот околу објектот.  Ова само се надоврзува на 10 годишното активно уништување на современата архитектура и уметност во Македонија. Очигледно имаме сериозен проблем на ниво на цела држава во вреднувањето на модерното наследство, неговата заштита и крајно време е да се превземе нешто по ова прашање.

Rushenje na Rabotnicki vo Strumica

Кој е Иван Велков?  Роден е во 1913 год. во Врање. Завршил Академија за ликовна уметност во Белград 1936 год., а бил на специјализација во Париз, 1960 год. Бил член на групата “Мугри”.

10330497_10207960567265854_3526419408882128881_n

Самостојно излагал (од 1955 год.) или со други, во Скопје, и на др. места низ бивша Југославија. Групно излагал на повеќе исложби, меѓу кои и во: Мексико Сити, Дижон, Риека, Рим, Торино, Нинберг, Штутгарт, Белград, Болцано, Ферара и др. места. Меѓудругото се спомнува дека предавал и на Архитектонскиот Факултет во Скопје.

Извори: Дежурна критика, Никола Пијанманов,  Wikipedia

 

 

Автор на статија: