Годишна изложба на студентите при UACS 2015/16 – фотогалерија
08.06.2016 • Изложби
Вчера во 20:00 часот, се отвори годишната изложба на Факултет за архитектура и дизајн на UACS(ГИФАД-2016). Овој настан се случува седми пат по ред, а она по што се разликува од минатогодишните е поделбата на два сегменти.
Во првиот, акцентот е ставен на градот Дојран. Имено, она што ја одбележа минатата година на Факултетот за архитектура и дизајн беше соработката со Општина Дојран. Студентите од повеќе генерации од двата циклуси на студии, работеа на проекти за различни типови објекти, лоцирани во самата општината.
Вториот сегмент ги содржи сите останати програми и активности на факултетот кои се надвор од границите на Дојран.
Изложбата може да се посети и во текот на останатите денови од неделата.
Материјалот го приложи: Антонио Грујевски
Фото: Борис Јурмовски
Автор на статија: marh